20-Годишнина на Охридскиот Рамковен Договор – Време за Трезвено Преиспитување, Не Прослава

Денес, 13-ти Август 2021, се навршуваат 20 години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор (ОРД), длабоко разделувачки договор што остави лузни врз македонското општество. Имајќи ја во предвид страшната состојба со опустошувачките пожари низ земјата, и зголемениот број на инфицирани од ковид-19, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), која долго време е против ОРД, ја повикува владата да ја откаже прославата и да ги пренасочи средствата од неа кон спасување на животи и имот. По милионските трошоци настанати од неодамнешниот Преспански Форум, зар на некому му е потребно додатно славење? Ја поттикнуваме владата да:

1. Заштеди пари. Според медиумски извештаи, владата ќе потроши 500,000 евра за да го одбележи овој јубилеј, од кој голем дел ќе оди за патни трошоци, сместување, и угостителски услуги за гости од странство. Иако посетата на угледни странци е секогаш добредојдена, сега не е време за разонода и славење. Владата треба да ги насочи своите напори и трошоци кон гасење на пожарите а не кон забава. Половина милион евра треба да се пренасочат кон купување на пожарникарска опрема и плаќање на пожарникари а не за храна и пијалоци за гости.

2. Ги укине етничките квоти. Секоја влада од 2001 наваму на еден или на друг начин ја признала преобразувачката улога на ОРД врз македонското општество без да поттикне искрен разгор на сериозните недостатоци на истиот. На пример, концептот на позитивна дискриминација, што требаше да ги намали етничките нееднаквости во државното вработување и во други сектори, грозно се злоупотреби. Наместо да се поддржи вработување на разнолик и образован кадар, ОРД се искористи за полнење на државните работни места со работници-духови – луѓе што се вработени на хартија и што примаат плата од буџетот а не вршат никаква дејност. Практиката на етнички квоти мора итно да се запре!

3. Промовира интеграција во образованието. Како резултат на договорот, многу реформи беа донесени за да се зголеми пристапот кон образование на мајчин јазик на малцинствата. Покрај основното и средното образование, владата отвори нови универзитети каде наставата се одвива скоро исклучиво на албански. Најмалку една генерација на млади Албанци израснаа без никакво суштинско познавање на македонскиот јазик или контакт со нивните врсници Македонци. Ова доведе до зголемено недоразбирање меѓу двете етнички заедници и зголемување на меѓусебната недоверба и непријателство. Владата треба да промовира интегрирачки политики, а не да ги одделува младите Албанци и Македонци.

4. Се залага за владеење на правото. Има чувство меѓу Македонците дека ОРД се користи како изговор за донесување еден збир на правила за Албанците а друг, многу построг збир, за сите други. Оваа идеја е поддржана од фактот дека главните виновници за немирите во 2001 (терористи на УЧК), се правно амнестирани со посебен закон и никогаш нема да се соочат со правдата. Исто така, има докази дека владата има малку или никаква контрола во однос на полициски и даночен надзор во областите со мнозинско албанско население. Така што, Македонците чувствуваат дека само тие плаќаат даноци и ги почитуваат законите, додека нивните сограѓани Албанци може да прават што сакаат без казна.

Накратко, нема што да се слави на 20 годишнината од ОРД. Владата треба веднаш да ја откаже прославата и да ги пренамени средствата кон гасење пожари, вакцинирање граѓани, и инвестирање во јавното здравје. Владата треба да ги истражи пропустите на ОРД и искрено да се потруди да ги поправи. Тогаш, и само тогаш, ќе може да мисли за славење на јубилеи.

Донирајте за Помош на Опожарените

Previous UMD Establishes Macedonia Wildfire Relief Fund and We Need Your Help!

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved