ОМД САД

Првиот Македонец којшто пристигнал на брегот на Америка бил Драган од Охрид заедно со Кристофер Колумбо во 1492-та година. Приливот на Македонци во Соединетите Американски Држави започнув преку островот Елис уште од 1880-тите, како последица на ситуацијата во Отоманската Империја и балканските војни. Денеска, САД е дом на околу половина милион американски Македонци, кои се најприсутни во Мичиган, Охајо, Илиноис, Индијана, Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија, како и помали заедници во Аризона, Флорида и Калифорнија.

Во октомври 2004-та, група млади американски Македонци имаа  средба со претставници   во Стејт Департментот за да разговараат за американско-македонските односи, при што беше поставено прашањето дали има национална организација која ги претставува американските Македонци? Одговорот беше ’’Не, не постои.’’По овој разговор, македонските професионалци решија да ја формираат Обединетата Македонска Дијаспора со цел да се обединат сите македонски заедници во светот. Пред оформувањето на ОМД, Македонците во Америка немаа професионален и постојан глас во Вашингтон што им овозможуваше на други етнички заедници да пропагираат против Македонија и македонскиот народ.

Денеска, ОМД е единствената, најголема и водечка организација на американските Македонци во Вашингтон. ОМД ја едуцира јавноста за клучните прашања на македонската заедница во САД, американско-македонските односи и односите на САД со Југоисточна Европа. Имајќи канцеларија само на неколку блокови од Белата куќа, Конгресот, Стејт Департментот, дипоматските претставништва и тинк-тенковите, ОМД успева ефективно да ги претстави прашањата што се однесуваат на македонската заедница.

ОМД е 501 (с) (3) добротворна организација. Ако сакате да се вклучите во нашата работа, Ве молиме испратете е-маил info@umdiaspora.org

Previous ОМД Европа

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved