Честитка од ОМД за 35-годишнината на македонската библиотека во Сиднеј

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство им ја честита 35-годишнината од основањето на македонското литературно друштво и библиотека „Григор Прличев“.  Библиотеката е основана на 31 март 1978 година во Сиднеј и е  именувана по познатиот македонски автор Григор Прличев.  Понатаму, основачите на библиотеката се членовите на австралиско-македонската заедница во Сиднеј, а целта на друштвото е да се изучува, зачува и промовира македонскиот јазик и македоснките литературни дела. 

“Имав привилегија да ја посетам библиотека за време на мојата посета на Австралија во февруари 2010 година кога го промовиравме ОМД, и бев пријатно изненаден од работата што овие таленирани писатели и лингвисти ја имаат вложено во изградбата на македонската библиотека во Сиднеј”, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски.

“35 години од основањето на библиотеката е историски момент за нашата заедница, а мисијата на библиотеката да се збогати мултикултурното општество во Австралија со македонски книжевни дела ќе биде запаметена и со подршка од страна на помладите генерации ќе постои уште многу години”, изјави преставникот на ОМД за Сиднеј Александар Аврамоски.

ОМД го призна делото на членот на друштвото Иван Трпоски за најуспешен автор во дијаспората за време на третата годишна глобална конференција на ОМД во Вашингтон во 2011 година. 

 

Previous UMD Congratulates Sydney-based Macedonian Library on 35th Anniversary

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved