Став на ОМД по повод условената покана за влез во НАТО

Условеноста на Република Македонија со промена на уставното име и идентитет по цена на својата интеграција во НАТО, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета дека е контрадикторна со принципите и интегративните политики на кои се основа Алијансата.

И покрај тоа што ОМД од 2004 година е застапник на интегративните интереси на Македонија во НАТО, условената покана за отпочнување на пристапните преговори упатена кон „ С****** Македонија“, ОМД верува дека не е триумф на македонската дипломатија вреден за прослава, туку понижувачки однос кон земјата и нејзиниот народ вреден за достоинствена одбрана на државниот суверенитет и интегритет.

На 11-ти Јули 2018 година, на НАТО Самитот во Брисел, „С****** Македонија“ беше поканета да ги отпочне преговорите за членство во Северно-Атлантската Алијанса како нејзина 30-та членка, но притоа јавно понижена и јасно условена со исполнување на Преспанскиот договор. Доколку според Генералниот Секретар на НАТО – Столтенберг, „во име на праведноста, кредибилитетот и безбедноста, Алјансата упатува покана до С****** Македонија за отпочнување на преговори за членство“, условеноста на земјата со промена на нејзиното име, идентитет и устав, во најмала мера е неправедна и дијаметрално спротивна на основните НАТО заложби за слобода, демократија, човекови права и владеење на правото. Во прилог, одговорот на Столтенберг за тоа како да се реши парадоксот помеѓу НАТО интегративните аспирации на Македонија и народното незадоволство од Преспанскиот договор, со кој појасни дека „земјата има единствена шанса да се припои кон Алијансата преку реализација на Преспанскиот договор или да го отфрли истиот по цена на НАТО – изолација“, при што ја именува земјата како Поранешна Југословенска Република која има шанса да стане 30-та членка на Алијансата под името С****** Македонија (изговарајќи го нејзиното име без англиски превод), ОМД смета дека е чин на навреда кој отстапува од основните принципи на кои се заснова Алијансата.

Имајќи во предвид дека неправдата создава незадоволство и револт, а не мир и безбедност, ОМД ги повикува земјите членки на НАТО да стават крај на двојните и манипулативни стандарди кон Македонија, како во нејзин, така и во интерес на оддржливоста, просперитетот и геостратешката застапеноста на Алијансата. Во спротивно, непринципиелниот однос на Алијансата кон Македонија, ОМД стравува дека наместо мир и стабилност, би предизвикал контраиндикации во земјата, регионот и пошироко.

Previous ОМД со континуирана силна поддршка за Претседателот Иванов

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved