ОМД со континуирана силна поддршка за Претседателот Иванов

По второто гласање во Собранието на неуставниот Преспански договор, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја продолжува силната поддршка за ставот на Претседателот Иванов да не го потпишува истиот. Воедно, по неколку месеци откако неуставниот закон за јазици беше испратен на Претседателот за негов потпис, ОМД го повика Претседателот да остане доследен и цврст на својот став и да не го потпишува овој штетен закон по унитарноста на државата.

ОМД беше и сеуште е против идејата за референдум предложена од претходната влада, и ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за промена на името. Народот донесе одлука во 1991 година кога декларираше независност. Секој нареден обид за референдум по истото или слично прашање докажува само дека народот не и е важен на владата од било која политичка партија.

ОМД изразува целосна поддршка на Претседателот Иванов во извршувањето на своите уставни обврски сврзани со одбраната на Уставот и достоинството на Република Македонија.

Previous Macedonian Diaspora Students Spending 3-Weeks in the Homeland

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved