Со доближувањето на датумот за преговори со ЕУ, бугарската преокупација со Македонија се засилува

Автор: Методија А. Колоски, претседател на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД)

Како тестамент на своите длабоко врежани европски вредности, Бугарските власти почнаа да позајмуваат Грчки тактики за изнудување отспапки од Македонија. Бидејќи одлуката за приспатување на Македонија кон Еворпската Унија (ЕУ) е се поблиску, Бугарија, потпирајќи се врз своите вето привилегии, агресивно ги засилува своите барања за промена на историјата. Колку и да е застрашувачка мислата дека ЕУ членка го користи својот статус како алатка за изнудување, тактиката на Софија носи резултати.

Од договор за пријателство до целосно одземање на историјата

Екатерина Захариева, Бугарскиот министер за надворешни работи, неодамна рече дека политичарите се похрабри од историчарите. Таа истакна дека политичарите можат и мораат да најдат начини да ги решат сите нерешени спорови, вклучително и прашања во врска со историјата. Кога таа го има Заев како партнер во овој поход за менување на историските факти и реалности, задачата одеднаш почнува да изгледа лесна.

Македонкста влада предводена од Зоран Заев веќе подолго време е вклучена во слободна трговија со нашите соседи, во која Заев непречено разменува значајни аспекти на македонската историја и македонскиот национален идентитет. Договорот од Преспа веќе нанесе значајни повреди на македонската нација. Договорот за пријателство со Бугарија е на пат да го стори истото.

Централната теза на договорот за пријателство со Бугарија е базирана врз бугарската фантазија дека Македонија и Бугарија делат заедничка историја. Се разбира, оваа теза е дијаметрално спротивна на искуствата на генерации македонци што се бореа против бугарските окупатори за време на балканската војна, двете светски војни и против аспирациите на диктаторот Живков. Но, вистинската историја нема никаква важност кога храбри политичари од рангот на Заев и Захариева заеднички ја менуваат историјата во корист на Бугарија.

Интересно е да се напомене дека бугарската политика кон Македонија стана значително поагресивна со доближувањето на датумот за почеток на преговори со ЕУ, како и благодарејќи на неверојатното ниво на послушност од страна на Заев. Пред само една година, Бугарија се задоволи со признанието од Скопје дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Даниел Смилов, аналитичар во Центарот за либерални стратегии, рече: „Во политиката и меѓународното право не постои такво нешто како признавање на историјата … Да оставиме историчарите се занимаваат со историјата.“ Но гледајќи како Заев слободно тргува со македонските интереси, Бугарија набрзо го смени својот став.

Забечежувајќи ја подготвеноста на владата на Заев да продаде значајни делови од македонското национално наследство во замена на приспатни преговори со ЕУ, позицијата на Бугарија се трансформираше од признавање на заедничката историја, во еднострано киднапирање на историјата.

Ангел Димитров, член на срамната комисија за пријателство, ја пофали подготвеноста на македонските власти да го прифатат Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски, кралот Самуил и други како неоспориви бугари. Тој ја нарече оваа подготвеност на Заев да ја продаде македонската историја позитивен чекор на Македонија на патот кон ЕУ.

Придржувајќи се до заканата за вето, Бугарија продолжува да инсистира на отстапки од Македонија. Следната точка на бугарската агенда е присвојување на Гоце Делчев.

Бугарија го позиционираше барањето за признавање на бугарштината на Гоце како точка за која не може да се преговара. Софија бара од Скопје признание дека Гоце Делчев, револуционерот кој самиот кажа ‘‘Јас сум Македонец‘‘, да биде преформулиран како бугарин. Интензитетот на бугарската кампања за киднапирање на историјата на Македонија посочува кон тоа дека крајната цел е целосно укинување на македонскиот идентитет. Денес, домаќинот на странски гости претседателот Пендаровски не отиде да положи венец на гробот на Гоце Делчев заедно со неговиот црногорски колега Ѓукановиќ оти му било незгодно да не ги навреди Бугарите пред значителното гласање во ЕУ.

Наместо да застане во одбрана на националните интереси, Заев дури и се заблагодари на Бугарија што ја врати Македонија во фокусот на европската политика. Тој е одлучен комплетно да се предаде на барањата на Софија и да ја преработи историјата во согласност со бугарските желби. Она што ќе остане од македонската историја, наследство и идентитет по завршувањето на оваа трагична кампања е отворено прашање.

Каде е Европа во сето ова?

Бугарија страда од она што Централната разузнавачка агенција (ЦИА) го нарече „Македонскиот синдром“. Оваа привлечна фраза се однесува на интензивната преокупација на Бугарија со тврдењето дека Македонија е еднаква со Бугарија. Кампањата отсекогаш била распространета, но таа особено се зајакна за време на комунистичкиот режим во Бугарија.

Во тоа време, Бугарија беше советска марионета држава и како таква и беше дозволено да има само еден националистички стремеж, изразен во чудната и невозвратена опсесија на Бугарија со Македонија. Иако желбата на диктаторот Живков да ги обедини Македонија и Бугарија не се оствари, сонот за воспоставување на историска врска меѓу двете земји останува жив во бугарската национална свест до овој ден.

Денес, Бугарија го злоупотребува своето право на вето за да извлече отстапки од непатриотското македонското раководство. Иронично, НАТО и ЕУ, организациите кои во принцип се спротивставуваат на националистички кампањи за киднапирање на историјата и правото на личен идентитет на независни земји, беа гласни поддржувачи и на Грција и на Бугарија. Комесарите на ЕУ за демократија истакнаа дека пристапувањето во европското семејство значи дека Македонија мора да ги реши своите историски и идентитетски спорови со соседите, со што притисокот го ставија целосно врз Македонија.

Официјалните претставници на ЕУ изразија поддршка и за Договорот од Преспа и за Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, притоа игнорирајќи ги одредбите во тие договори што се закануваат да ја поништат македонската нација. Ова значи дека истите делегати и претставници на ЕУ се соучесници во процесот на одземање на националниот идентитет на една европска земја.

Како соучесници, Европската Унија ги прекршува правилата и начеата кои самата институција ги воспостави. Како еден од многуте примери, земете го проблемот со официјалните параметри на ЕУ околу јазично-правната рамка. Европскиот парламент гордо ја покажува својата заложба да обезбеди правна и политичка основа за јазично изразување и разновидност. Парламентот на ЕУ пишува дека „јазиците се составен дел на европскиот идентитет и најдиректен израз на културата“.

Ако тоа навистина е така, како тогаш официјални претставници на ЕУ не ги осудија континуираните напори на Бугарија да го поткопа постоењето на македонски јазик? Зар не е повреда на овој правен принцип Бугарија да го потисне правото на Македонците на својот јазик, со притисок врз македонските политичари да ја прифатат бугарската желба да го наведеме нашиот јазик како „дијалект на бугарскиот“?

Решавањето на јазичкото прашање според бугарските барања е само една област од повеќеслојниот ултиматум што бугарските водачи им го испратија кон своите македонски колеги. Иднината на Македонија во ЕУ зависи од тоа нашата татковина да се согласи со овие барања. И додека ЕУ, Заев и Захариева сметаат дека подготвеноста на македонските лидери за отстапки се смели чекори напред, македонците низ целиот свет безпомошно го следат урнисувањето на македонската нација.

Previous UMD Mourns Loss of Canadian-Macedonian Actor, Writer, Director, Producer John Evans

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved