Македонецот Гоце Пероски избран за Претседател на Советот за интеграции на Дизелдорф

На 2. Декември 2020 год. се оддржа конститутивната седница на Советот за интеграции на главниот град на федералната држава Северна Рајна Вестфалија, Дизелдорф, која има 18 милиони жители. Советот на интеграции се состои од 19 членови, од кои што 10 члена се бираат непосредно на избори од страна на граѓаните со мигрантско потекло, а девет члена доаѓаат од Советот на градот како претставници на политичките партии.

Во Дизелдорф живеат над 160 припадници од различни нации. Македонската заедница е помеѓу десетте најбројни заедници во градот и поседува свои здруженија како и црковна општина.

Во рамките на конститутивната седница, Гоце Пероски од редовите на зелената листа и припадник на македонската заедница е избран за претседател на ова тело. Ова е втор пат по Павле Маџиров, кој е редовен советник на владеачката партија ЦДУ, припадник на македонската заедница да го преземе претседателското место на овој совет. Пероски, кој е роден во Германија, е поранешен претставник на Обединета Македонска Дијаспора во Штутгарт, Германија и ко-основач на Германско-Македонски културен форум Корзо во Штутгарт. ОМД му честита на Пероски по изборот.

Линк до Германските вести.

Советот на интеграции ги застапува интересите и правата на граѓаните со мигрантско потекло. Ова тело претставува советодавно тело, може да се занимава со сите прашања кои ги засега локалната самоуправа, но во праксата пред се се занимава со прашањата кои се поврзани околу граѓаните со мигрантско потекло.

Советот на пример одлучува околу финансиската поддршка за мигрантските здруженија во градот кои мора да поднесат официјално барање за поддршка на свои проекти.

Понатаму, Советот поседува свои финансиски можности за јавно застапување и промовирање на своите цели и иницијативи, учествува на јавни манифестации и самиот организира работилници и јавни дискусии. Тој е дел од административната структура на градот и е поврзан институционално во системот на локалната самоуправа. Членовите на Советот за интеграции имаат право да учествуваат и на седници од одредени други тела на локалната самоуправа.

Советот за интеграција, заедно со Советот на градот, ги координира активностите и мерките со цел подобрувањето и унапредувањето на правата и положбата на сите граѓани со мигрантско потекло. Во зависност од самите иницијативи на Советот за интеграции, мерки може да бидат предложени во различни области на градот, како на пример во образованието, јавниот сектор, културата, признавањето на странски квалиифакции, состојбата на стари лица со мигрантско потекло, спортот и многу други области кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Previous UMD’s 2020 Accomplishments for the Macedonian Cause

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved