Најава за првата македонско-американска лидерска конференција на ОМД во Вашингтон

Од 12-14 април, 2013 година, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ќе биде домаќин на првата годишна македонско-американска лидерска  конференција (#MAЛК2013) во своето седиште во Вашингтон.  MAЛК2013 ќе ги собере сите македонско-американски лидери на разни македонски културни, бизнис, јазични и верски организации од цела Америка на едно место. 

“Оваа конференција преставува единствена можност за македонските лидери во САД да се соберат на една централна локација со цел да остварат контакти и да научат за тоа како да ги водат своите организации, да собираат средства, како и за тоа како најдобро да ја претставуваат нивната заедница”, изјави директорот на ОМД за операциите во САД – Трајко Папучкоски. “Целта на конференцијата е да се поттикнат сите македонски лидери, особено младите лидери, да се активираат во општеството преку граѓански ангажмани и да помогнат на Македонија и на односите помеѓу Македонија и САД преку едуцирање на јавноста.”

Првиот ден од конференцијата ќе започне на 12 април и ќе биде ден за состаноци во американскиот Конгрес, а вечерта ќе следува есклузивна вечера и разговори на тркалезна маса со членовите на управниот одбор на ОМД како и со членовите на советодавниот одбор. Вториот ден од конференцијата е резервиран за обука на македонските лидери во маркетинг, собирање на средства, како и за тоа како да се мобилизира македонската заедница за различни цели. Вториот ден ќе заврши со прием со македоснко вино и храна, каде ќе присуствуваат пошироката македонска заедница и пријателите на Македонија во Вашингтон.  Приносите од приемот ќе бидат применети кон помагање на оние кои настрадаа од поплавите во регионот на Струмица. 

ОМД ќе ги покрие трошоците за организирање на конференцијата, и за време на конференцијата ќе обезбеди бесплатен доручек и ручек.  Учесниците ќе бидат одговорни за покривање на нивните трошоци за патување и сместување. 

За повеќе информации за MАЛК2013, како и за да го пријавите Вашето учество, Ве молиме контактирајте го Трајко Папучкоски на tpapuckoski@umdiaspora.org или Ана Давид на adonevska@umdiaspora.org или (202) 350-9798.

 

Previous ОМД ја повикува Бугарија да се извини за депортирањето на македонските Евреи

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved