Протестите кои доведоа до немилите настани во Собранието на Република Македонија од 27 Април 2017 имаат длабока политичка позадина која сега после четири години е недвосмислено јасна. Неоснованите обвиненија за тероризам и селективните помилувања кои ги следеа мотивирани од долна политичка агенда, се црна дамка врз владеењето на правото и се директен напад врз универзалните демократски и морални вредности. Правда за неосновано обвинение за тероризам морa да дојде час побргу бидејќи е неопходно за запирање на длабоките поделби во македонското општество и за враќањето на довербата во институциите и демократските принципи.
ОМД, со загриженост, го следи селективниот однос на евроатланските партнери и негирањето на постоење на политички затвореници во Македонија.
Вчерашните масовни протести во Скопје се почеток на еден процес кој мора да кулминира со враќање на правдата, достоинство и разумот во македонското општество. Процес кој има целосна подршка од Обединета Македонската Дијаспора.