ОМД Го Честита 27миот Ден на Македонската Независност

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ви го честита 8-ми Септември, денот кога Македонците и сите граѓани на Република Македонија го остварија својот вековен стремеж за слободна, независна и суверена држава. Гласајќи за самостојност и сувереност со убедливо мнозинство од 95% на референдумот во 1991 година, граѓаните на Република Македонија им се оддолжија на своите предци и ги задолжија своите потомци да го штитат македонското име, идентитет и историја.

Оваа година, верни на својот аманет, 150 илјади Македонци преку 40 протести ширум светот се спротиставија на Преспанскиот Договор кој е бескомпромисно штетен за континуитетот на Република Македонија и нејзиниот статут на земја признаена под своето уставно име од вкупно 137 земји членки на ОН и 4 земји членки на Советот за Безбедност како Кина, Руската Федерација, Верика Британија и САД.

Со цел зачувување на македонското име, историја и идентитет, кои произлегуваат од сите нас и се наше природно право, повикуваме на целосен бојкот на нелегитимниот референдум како достоинствен одговор на овој обид за укинување на македонската државност и посебност.

Сувереноста доаѓа од одговорноста!

Честит 8-ми Септември и за многу години Република Македонија!

Previous Top Ten Greek Arguments

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved