Појаснување за ставот на ОМД по основ бојкот на референдумот

Од своето основање до ден денешен, ставот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) по основ на референдумот за името на Република Македонија е непроменет и недвосмислен во својата суштина. Без разлика која партија или владејачка коалиција се обидува да ја валидизира промената на уставното име на Република Македонија преку референдумско прашање, ОМД како најголема и независна организација на македонската дијаспора децидно ќе се спротистави на истото, како што го прави тоа и во годините изминати (за преглед, притиснете ТУКА).

Според ОМД, никој политички субјект не располага со мандат да преговара или уште помалку договара промена на македонското име, идентитет и устав. Согласно тоа, повеќе од една деценија, ОМД повикува на прекинување на преговорите за промена на името кои нанесоа поголема штета отколку бенефит за Република Македонија.

ОМД се залага за правата и интересите на сите Македонци низ светот, без разлика дали се работи за оние со постојано живеалиште во татковината или надвор од неа. Сметајќи дека одрекувањето од сопственото име и посебност по пат на манипулативен и консултативен референдум кој има за цел да валидизира политичко самоволие и исполни ултиматум за евентуално (не загарантирано) членство во Евро-Атлантската Алијанса, ОМД се залага за бојкот на референдумот како единствено достоинствено решение во заштита на националниот идентитет и суверенитет на Република Македонија.

Воедно, во време кога сите неистомисленици и неподдржувачи на владините аспирации се генерализираат како про-руски активисти, ОМД не дозволува нејзиниот став да биде (зло)употребен за политичко-партиски колективни или индивидуални интереси. ОМД е невладина, непартиска и независна организација, која НЕ е дел од меморандумот за бојкот на референдумот потпишан на 5 Август 2018 година помеѓу 28 организации, граѓански иницијативи и политички партии. Про-руските и анти-интегративни политики во НАТО и ЕУ на некои од носителите на меморандумот, се спротивни од ставовите на ОМД за НАТО и ЕУ интеграција на Република Македонија под нејзиното уставно име и унифицарани (а не двојни) стандарди за членство, поради кои разлики ОМД се оградува од вклученост во меморандумот, додека воедно останува децидна во својот став за бојкот на претстојниот референдум.

Previous UMD’s Strong Opposition to S. Res. 602

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved