ОМД Повикува на Прекин на Преговорите, Враќање на Опозицијата во Собранието и Право на Глас за Дијаспроата

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) во име на сите членови на организацијата и целата македонска дијаспора низ светот, искажува длабока загриженост за начинот на кој власта раководи со “спорот со името” со Грција како и за политичките игри на партиите и нивното манипулирање со демократските процеси во институциите. ОМД подеднакво е разочарана и од начинот на кој партиите го третираат прашањето во врска со правото на глас за македонците во дијаспората.

“Власта нанесе огромна штета на имиџот на Република Македонија и ги разниша политичките ставови наспроти Грција со самото прифаќање на ново државно име пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008. Сето ова време владата нудеше лажна надеж во врска со нејзините цврсти ставови за името и ги помируваше граѓаните со наводен референдум за ново име,” изјави претседавачот со одборот на директори на ОМД, Стојан Николов. “ОМД е загрижена за начинот на кој Владата раководи со главните национални и надворешни приоритети на Македонија и воедно ја повикува власта денес, односно веднаш, да ги прекине преговорите со Грција во врска со нашето наследено и уставно име.”

ОМД се залага за правата и интересите на сите Македонци низ светот, без разлика дали се работи за оние во татковината или надвор од неа. ОМД сака да ја потсети Владата на Македонија дека никој не располага со мандат да преговара за државното име, етницитетот/идентитетот и јазикот. ОМД е убедена дека Македонија веќе има направено голем број непотребни отстапки и мора да стави крај на овој штетен процес, еднаш и засекогаш.

Во изминативе недели политичките партии во Македонија не можат да го сокријат политичкото манипулирање со државните институции. Инцидентите на Кале околу градбата-споменик посветен на претходно постоечка средновековна Македонска Православна црква, дополнително ги искомлицира меѓуетничките и меѓуверските односи во Македонија. ОМД се надева дека граѓаните на Македонија ќе побараат одговорност од претставниците во Владата, вклучувајќи ги и претставниците на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ). ОМД се надева дека одговорните за инцидентот ќе бидат изнесени пред правните органи. Секој поединец треба да одговара за предизвикување етничка и верска омраза помеѓу етничките заедници во државата.

ОМД изразува силна поддршка за слободата на медиумите и се надева дека А1 телевизија и сите останати медиуми ќе продолжат да работат без страв од незаконски притисоци и нема да известуваат пристрано во интерес на било која партија за политички услуги.

ОМД ја повикува опозицијата да се врати во Собранието – место каде што се гради демократски дијалог и каде што можат да се искажат сите незадоволства во име на нивните поддржувачи. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат опозиција која ќе бара одговорност од Власта за неиздржаните потези во склоп на државните демократски институции.

“Ако мојот претставник во Конгресот одлучи да го бојкотира овој државен Дом, јас нема да имам никаква причина да гласам за него на следните избори. Граѓаните на Македонија се уморни од политичките игри кои им ги приредуваат политичките партии. Македонците заслужуваат вистински водачи,” изјави за ОМД Претседателот на организацијата Методија А. Колоски. “Ако Македонските државници се одлучат на избори со цел да стават крај на овој дебакл и крај на пат-позицијата во македонскиот политички систем, во тој случај ОМД ги повикува сите лидери на политичкити парти за фер, слободни и демократски избори за сите. Повикот гласи и за манипулирањето со македонската дијаспора која заслужува право на глас до следните избори за оние граѓани кои имаат македонско државјанство.”

ОМД апелира до сите политички капацитети во Македонија да го подобрат дијалогот, да се обединат во основните цели и да работат за иднината на Македонија и за сите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. ОМД се надева дека иднината на Македонија нема да биде ставена под знак прашалник поради политички поени и гласови. ОМД сака да ги потсети Македонците ширум светот дека на 8 Септември Македонија прославува 20 години слободна, независна и суверена држава – сон на сите македонски дејци и револуционери, кој стана реалност во 1991 год.

ОМД се огласува со повик до Владата и опозицијата да ги подредат своите редови, да се соземат од непромислените потези и да им го дадат на луѓето тоа што им следува: социо-економска стабилна држава како совршен модел во Југоисточна Европа и земја чие место е во Евро-Атлантските организации како НАТО и ЕУ.

Previous Help Save the BBC Macedonian Service

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved