Медиумите се слика за (не)зрелоста на едно општество

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), будно ги следи случувањата и состојбата со медиумите во Република Македонија, на чија новинарска сервилност смета дека сценариото на партизирано новинарство се повторува, но овој пат во режија на актуелниот владин состав.

Неодамнешното извинување на Директорот на телевизискиот програмски сервис “Канал 5” Иван Мирчевски за манипулативното известување на телевизијата за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ја потврди партизираноста на медиумскиот простор, но наместо превземање на корективни мерки за објективно, непристрасно, професионално и етичко известување, праксата се повторува во служба на СДСМ. Додека извинувањето беше дадено во интервју со Министерот без ресор задолжен за Комуникации, Отчетност и Транспарентност – Роберт Поповски во емисијата „Само Вистина“, во вчерашното издание на истата емисија, сервилноста на „Канал 5“ дојде до израз во интервју со Премиерот Зоран Заев преку нарачани новинарски прашања, филтрирани коментари од социјалните мрежи и потврдно дополнување на реченици од страна на водителката на емисијата, со фрази од типот „нели г-дине Премиере“.

„Ако било режим, мислите се работело во розеви услови? Тогаш ми беа одземени ингеренциите. Сега ми се вратени ингеренциите. Јас се извинувам во името на медиумот. Во името на сите вработени, им се извинувам на сите кои сме им нанеле неправда. Дојде момент и ние рековме доста е, од сега сме на средина. Сега немаме никаков притисок“ – гласеше извинувањето на Иван Мирчевски дадено на 22 Мај 2018 година, за само месец дена подоцна, истите ингеренции да бидат повторно одземени, евидентно од страна на актуелната власт во улога на нарачател и модератор на содржината која се презентира пред македонската јавност.

Според извештаите на „Reporters without Borders“, Македонија се наоѓа на 109-то место од вкупно 180 земји во светот во поглед на слободата на медиумското известување, одма после Габон и веднаш пред Боливија. Покрај сериозноста на ситуацијата, праксата покажува дека слободното новинарство сеуште изостанува од националните приоритети, во корист на актуелната власт и на штета на македонскиот народ – смета ОМД.

Додека одзивот на Премиерот на барањето на народот за јавно појаснување на договорот се смета за доблест, партизирањето на медиумскиот простор заслужува најостра критика.

Previous ОМД го осудува насилството и говорот на омраза, без разлика на чинителите и нивните мотиви

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved