ОМД со дециден став ПРОТИВ новиот закон за јазици во Македонија

“Без заеднички јазик, комуникацијата станува тешка, ако не и невозможна, а нацијата станува арена на две или повеќе јазични заедници чии членови комуницираат многу повеќе со членовите на нивната група отколку со припадниците на другата.” – Самуел Хантингтон.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изрази длабоко разочарување од законот за јазик предложен од владеачката коалициска влада на Македонија, како и својот силен став – против. Овој закон ќе биде доставен пред Парламентот на 13-ти септември и има за цел кодифицирање на албанскиот јазик како официјален јазик во целата Република Македонија. Предложениот закон е неуставен, поделбен и води подалеку од веќе длабокиот недостаток на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, посредуван од САД и ЕУ, кој беше дизајниран, потоа, за да стави крај на таквите разговори и барања. Наместо да ги обединува луѓето во Македонија, овој закон служи единствено за понатамошна поделба на Македонија по етничка линија, што е сосема спротивно од тоа што македонскиот народ го посакува, целите на мирот на неговата влада со своите соседи и стабилноста во целиот регион. Наместо да се поделат во етнички енклави, Македонците од сите средини треба да останат обединети под единствен службен јазик – македонскиот јазик.

Обидите на некои поединци во македонското етничко албанско малцинство во македонската влада (и други) да го усвојат овој закон во моментов е уште еден во низа неиспровоцирани напади врз културата и идентитетот на македонскиот народ. Македонските етнички Албанци – и други – веќе уживаат највисок степен на почитување на нивните лингвистички права како прашање на правото во целосна согласност со меѓународно признатите стандарди на Обединетите нации и Европската Унија, но овој предлог-закон, како таков ги надминува границите на тие стандарди и, впрочем претставува неразумно и неосновано барање. Истовремено, довербата во Владата – и уште поважно, довербата меѓу етничките заедници – ќе биде доведена во понатамошно сомневање, од едноставна причина што попис на населението не е спроведен од 2002 година и од тогаш не постојат извештаи со цифри кои даваат сила на постоечките закони за јазични права.

ОМД целосно го поддржува обезбедување на основни човекови права на малцинските групи да зборуваат на својот јазик и верува дека албанското малцинство во Македонија веќе ужива такво право – современ албански јазик беше кодифициран во Битола, Македонија. Воедно, ОМД посакува слични основни човекови права да им бидат доделени на Македонците во соседните земји. ОМД воедно ги повикува Македонците низ светот да ни се приклучат кон нашата индикација кон Македонската влада и сите политички партии во Македонија дека компромис по цена на Македонскиот суверенитет е крајно неприфатлив и нема да биде толериран од нити еден Македонец без разлика дали живее во или надвор од Македонија.

Previous UMD Strongly Opposes New Language Law in Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved