#26ГодиниМакедонија: Одбележувајќи го нашето минато, гледаме кон иднината

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ѝ се придружува на глобалната македонска заедница во прославувањето на 26-тата година на независноста на Македонија. Овој ден претставува можност за Македонците од целиот свет да се здружат и заедно да прославуваат, додека нивната татковина се движи кон социоекономски просперитет и стабилност.

Денес е ден за Македонците ширум светот да ги препознаат предизвиците со кои се соочува Македонија и да погледнат кон иднината – иднина во која Македонија ја замислуваме како лидер во Југоисточна Европа. Овој ден, исто така, претставува можност сите ние, Македонците, одново да се поврземе со нашите корени и да ги чествуваме генерациите пред нас, оние кои ја основаа Република Македонија носејќи ја пред себе визијата за слободна и просперитетна држава; токму ова е наследството коешто ОМД се стреми да го одржи.

Од своето основање, ОМД работи вредно во насока на справување со истите предизвици со кои се соочува и Македонија уште од нејзиното основање. Нашите желби се однесуваат на зачувување на нашиот колективен национален идентитет и името Македонија, да ја промовираме демократијата и човековите права ширум регионот, и да живееме во просперитетен и безбеден меѓународен поредок се вградени во темелите на нашата мисија. Повеќе од кога и да е порано, мораме да продолжиме да се залагаме за нашите права – правото да го изразиме нашето културно наследство, правото да се интегрираме со пошироката европска заедница и правото да се приклучиме кон НАТО – Македонија мора да добие место на масата, без условување за промена на името на нашата земја.

И покрај предизвиците со кои се соочува Македонија низ годините, ОМД дава непоколеблива поддршка на принципите врз кои се темели Македонија. Ние се стремиме да ѝ дадеме глас на глобалната македонска заедница преку едукативно застапување и културно промовирање. Македонците во соседните земји не ги уживаат најосновните човекови права, како што се правото да го говорат мајчиниот јазик и правото на самоидентификација. ОМД ќе продолжи да работи на овие прашања додека не се остварат човековите права на Македонците каде и да се наоѓаат.

Додека Македонците ширум светот се собираат денес за да слават, да не заборавиме дека од нас зависи како ќе го зацртаме патот напред. Премногу жртви се дадени за слободна Македонија, а и ние мораме да продолжиме да градиме силна татковина. Македонците од целиот свет имаат улога и во обликувањето на иднината и во давањето поддршка нашата заедничка визија за унитарна македонска држава со територијален интегритет да остане непроменета.

Обединети можеме!

Previous Stand up for Macedonia – the perfect time to give back to your roots!

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved