ОМД: Целосна поддршка на САД/НАТО за стабилна Украина и безбедна Европа

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е длабоко загрижена со моменталната нестабилност со која се соочува Украина, посебно неодамнешното припојување на Крим од страна на Руската федерација. За време на овие тешки денови за украинскиот народ, ОМД силно ги повикува лидерите на САД, НАТО и ЕУ да дадат јасна и целосна поддршка на Украина, посебно потребниот пакет за помош со цел да го подигне својот економски терет и да и се помогне на Украина и нејзиниот народ.

Во поглед на робустната одбрана на украинскиот суверенитетот и право на самоопределување од страна на САД, ЕУ и НАТО, ОМД повикува на конзистентност во меѓународната политика. САД, ЕУ и НАТО не можат да бидат селективни во нивната одбрана на националните права; истите принципи треба да се применуваат и во случајот со името на Македонија, што ја спречува земјата да се приклучи на НАТО и да напредува во своето членство во ЕУ поради противењето на Грција. МСП одлучи дека Грција ги прекрши своите меѓународни обврски според Времената спогодба од Обединетите Нации, а сепак САД, ЕУ и НАТО не обезбедија Грција да се придржува кон оваа одлука.

ОМД силна верува дека украинскиот народ треба да добие релевантна порака од нивните НАТО и ЕУ сојузници со која недвосмислено ќе ги заштитат правата на луѓето сами да ги одберат своите политички лидери на слободен и демокртатски начин. Иднината на Украина е како членка на НАТО и ЕУ, за која САД и се залага, со цел да се обезбеди Европа да биде целосна, слободна и во мир. САД и Велика Британија имаат обврска со Букурешкиот меморандум од 1994 година да го штитат територијалниот интегритет на Украина.

“НАТО лидерите пропуштија да и понудат Акциски план за членство на Грузија и Украина на самитот во Букурешт во 2008 година и како резултат на овие погрешни одлуки видовме немир и агресија против Грузија во 2008 година и сега против Украина во 2014 година,” рече претседавачот на ОМД Стојан Николов. “Што е следно? Македонија исто така беше блокирана од обезбедување на покана за членство во НАТО во Букурешт поради слаби аргументи и себична акција на една земја чланка на НАТО – Грција. Кога ќе научиме од нашите грешки? Одлуката, раздорот и комфорот е луксуз кој НАТО не смее да си го дозволи повеќе, и време е да делува обединето и одлично сега, а не утре.”

ОМД прави напори во Вашингтон да се едуцираат американски политичари за потребата да се види проширувањето на НАТО на маса за претстојниот Самит на НАТО во Обединетото Кралство. Како НАТО останува на сила за мир, просперитет и слобода низ целиот свет, ОМД бара од САД и нејзините партнери во ЕУ да им понуди Акционен план за членство на Украина на претстојниот самит, заедно со Босна и Херцеговина и Грузија, и покани за Македонија и Црна Гора за влез во НАТО.

ОМД силно верува дека јасна и целосна поддршка на проширувањето на НАТО не само што ќе донесе стабилност во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа, но тоа ќе се осигури дека таквите конфликти не се повторат и да траат.

МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ ОДНОСИ:

Односите меѓу Македонија и Украина беа формирани на 23 јули 1993 година, кога Украина ја призна независноста на Република Македонија. Сепак, врската помеѓу македонскиот и украинскиот народ, двата предоминантни на православната вера, датира многу подалеку, од 9-ти век, од времето на принцезата Олга од Киев и Свети Климент Охридски. Во поново време, во 1922 година, Украинците ја напуштија Украина, со цел да ја избегнат граѓанска војна и угнетување на Сталин со тоа што се сместија во Македонија, каде што нивните потомци денес се уште живеат.

Културните, религиозните, јазичните и етничките афинитети меѓу двете земји ги зајакнуваат нивните односи и заеднички интереси. Во Македонија, постојат две регистрирани Украински организации – “Друштвото на македонско-украинските пријателство и соработка”, основана во 1994 година и “Украинската заедница во Република Македонија”, официјално е регистрирана во 2004 година.

Previous Конгресменот Трент Франкс од Аризона се приклучи на групата на пријатели на Македонија во Конгресот

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved