Боб Кар ја поддржува поинтензивната соработка помеѓу Австралија и Македонија

Процесот на подобрувањето на односите помеѓу Австралија и Македонија доби голема поддршка за време на свечената гала вечера, одржана претходниот петок во Сиднеј. Австралискиот минситер за надоврешни работи, Боб Кар, беше топло пречекан од македонските иселеници од цела Австралија. Сенаторот Кар, како и ко-претседавачите со австралиско-македонската парламентарна група, пратениците Стивен Џонс и Лук Симпкинс беа одликувни со ОМД наградата за пријателство со Македонија, за нивниот придонес во подобрувањето на билтаралните односи, додека ветеранот и активист, Г-инот. Мик Велоски, претставник на македонската заедница во Сиднеј, беше одликуван со ОМД наградата за животно дело. Настанот започна со коктел за пречек, по што беше прочитано писмото испратено од Претседателот на Република Македонија, д-р. Ѓорге Иванов. Да го прочитате на македонски кликнете тука а на англиски тука.

Сенаторот Боб Кар изјави дека “доколку добие нов мандат ќе спроведе официјална посета на Македонија и ќе работи заедно со ОМД и другите клучни страни кон имплементација на агендата за подобрување на австралиско-македонските односи.” Сенаторот Кар беше мошне импресиониран од културниот настап на македонското играорен ансамбл “Илинден” од Сиднеј, акустичната група Арт Плаза, како и другите изведувачи.

“Австралиската влада и коалицијата беа повикани да се посветат и да ко-инвестираат во посилни и поблиски економски, социјални, културни и политички врски со Република Македонија. Односите можат да се унапредат со итно признавање на легитимното уставно име на Република Македонија од страна на Австралија, како и со отворање на мошне потребната австралиска амбасада во Скопје,” рече Ордан Андреевски, директор на ОМД во Австралија.

Овие ставови беа испратени во заедничко писмо до сенаторот Боб Кар и пратеничката Џули Бишоп, во кое тие се повикуваат да покажат политичко лидерство и двопартиска поддршка за австралиско неодложно признавање на Македонија под нејзиното утавно име. Истите барања ОМД ги достави и Прашањето за Јавни мислења околу надворешните претставништва на Австралија од пододборот за надворешна политика на австралискиот парламент, како и проектот за поврзување изработен од австралискиот совет за истражување, под наслов Македонската дијаспора во Австралија: Моментални и потенцијални врски со татковината.

ОМД креираше агенда за унапредување на односите помеѓу Австралија и Македонија, со која Австралија се повикува критички да ги разгледа и обнови сопствените надворешни, трговски и одбрамбени политики кон Македонија. Барањата се базираат на позитивниот и значителен напредок кој Македонија го има остварено од осамостојувањето во 1991, во однос на зајакнување на сопствената економија и демократија, како и воспоставувањето на мирот и стабилноста во Југо-источна Европа. Австралија исто така треба да ја признае улогата на Македонија како извозник на безбедноста преку нејзиното учество во клучни безбедности иницијативи на НАТО И ЕУ во Босна, Косово, Ирак, Либија и Авганистан.

Врските помеѓу Австралијците и Македонците постојан многу поодамна од 1998, кога беа воспоставени дипломатските односи помеѓу Австралија и Македонија. Минатата година, сенаторот Боб Кар јавно го призна придонесот на македонската заедница за економскиот, социјалниот и културниот живот во Австралија. Уште од доселувањето на првите македонски емигранти во 19-от век, тие имаат клучна улога во развојот на австралиската економска, социјална и културна инфраструктура и институции. Македонците до декади работат на клучни проекти за зајакнување на австралиската нација и тоа во сферата на градежништвото, рударството, шумарството, земјоделството и производствените индустрии. Дел од проминентните Македонци во австралиското општество се, специјалистот за рак од Сиднеј, д-р. Зоран Бечваровски, фудбалските ѕвезди Питер Дајкос (Collinwood) и Ник Малчевски (Sydney Swans), интернационално познатиот моден дизајнер,Тони Матичевски, видни академици како проф. Хари Минас, проф. Лили Стојановска, проф. Миле Терзиовски и други.

Силната австралиско-македонска заедница го има збогатено австралиското општество и живеење преку формирање културни институции и граѓанско-дипломатски организации кои промовираат пријателство иновативност и постојани образовни и стратешки партнерства. Други почесни гости кои присуствуваа на гала вечерата се Крег Кели, федерален пратеник, Марк Коур, пратеник кој го претставуваше премиерот на Нов Јужен Велс, Бери Оферел, Гордон Бредбери – градоначалникот на Волонгонг, Кент Џонс – градоначалникот на Саутернлендс, Костадин Тасевски и Мајкл Сибиновски од македонската амбасада во Канбера, како и Крис Балаловски.

Обединетата македонска дијаспора сака да им се заблагодари на своите спонзори: весниците Australian Macedonian Weekly и Australian Macedonian Today, магазинот SHILO, македонската радио програма на SBS Radio, радио станиците на македонската заедница во Нов Јужен Велс, Radio MAK FM во Перт, Marco Polo Foods, Foteff Property Group, Џошуа Шерман MC, Тони Симоновски DJ, играорниот ансамбл „Илинден“, музичката група Art Plaza, македонскиот фудбалски тим од Престон, “Trpeza” и “Oro” – компанија за минерална вода, Менде Василевски и Љупчо Крстевски, Mak Video.

ОМД исто така сака да им се заблагодари и на своите волонтери и претставници низ Австралија, Александар Аврамовски, Роб Пасквале, Мартин Николоски, Ребека Шерифс, Вероника Фереџ, Сузи Ливрински, Даме Крчоски, Крис Балаловски, д-р. Ирена Велјанова, и сите други кои го поддржаа настанот.

Previous ОМД Австралија Гала – Сиднеј – Јули 5, 2013

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved