Знамето на САД се вееше над Конгресот во чест на покојниот митрополит Кирил

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство ја информира јавноста за вчерашниот историски настан за македонско-американската заедница и Македонската православна црква. Денес, конгресменката Кендис Милер (член на републиканската партија од Мичиген) и претседавач на пријателската конгресна група за Македонија и македонските Американци се погрижи за истакнувањето на американското знаме над американскиот конгрес во чест на полошко-кумановскиот митрополит Кирил.

ОМД истакнува дека ова е прв пат американското знаме над конгресот да се вее во чест на Македонец. Ова знаме денес ќе биде предадено на македонската православна црква “Рождество на Пресвета Богородица” во Стерлинг Хајтс во Мичиген од страна на советниците на конгресменката Милер.

Понатаму вчера конгресменката Милер внесе текст во конгресните записи во кој му оддаде признание на митрополитот Кирил, а исто така испрати и писмо до македонско-американската заедница во Мичиген.

Кликнете тука за писмото.

Во записот и во писмото, конгресменката Милер изјави:

“Јас имав привилегија да се сретнам со владиката Кирил во Вашата црква и бев сведок на неговата јака верба во македонската православна вера и во неговиот неуморен ангажман за подобрување на македонскиот народ. Владиката Кирил беше голем активист за македонската православна црква и за луѓето со македонско потекло ширум светот. Тој одигра клучна улога во основањето и развојот на нашата македонска заедница во јужен Мичиген.”

“Со враќањето во Македонија во 1967 година по завршувањето на теолошката акедемија во Москва, владиката Кирил одигра клучна улога во обновувањето на Охридската архипископија на македонската православна црква, двеста години по нејзиното укинување од страна на отоманскиот султан. Владиката Кирил беше единствениот преживеан потписник на афтокефалната декларација и голем активист за основањето на независна Република Македонија.”

Таа го завршува писмото со:

“Неговото присуство во македонската православна црква е незаменливо, а неговите многубројни придонеси за македонскиот народ, Македонците во дијаспората, вклучувајќи ги и оние во Стерлинг Хајтс во Мичиген, се камен-темелник на македонската заедница и се од трајна вредност. Засекогаш ќе ја паметам мојата средба со владиката Кирил, и сум благодарна за неговата служба на македонската православна вера и македонскиот народ.” 

ОМД длабоко се заблагодарува на конгресмената Милер за укажаната почит кон владиката Кирил на ваков историски начин и за нејзината постојана поддршка за нашата заедница во САД и нашата татковина Македонија. 

Целосното преведено писмо следи:

Почитувани отец Синиша, отец Антони, и сите членови на македонската правсолавна црква “Раѓање на Пресвета Богородица”:

Примете го моето најдлабоко сочуство за смртта на полошко-кумановскиот митрополит г. Кирил од Македонската православна црква. Неговата смрт е голема загуба за Македонија, но и за сите верници на Македонската православна црква, а најмоногу за оние од регионот на Полог/Тетово во Македонија.

Јас имав привилегија да се сретнам со владиката Кирил во Вашата црква и бев сведок на неговата јака верба во Македонската православна црква и во неговиот неуморен ангажман за подобрување на македонскиот народ. Владиката Кирил беше голем активист за македонската православна црква и за луѓето со македонско потекло ширум светот, и одигра клучна улога во основањето и развојот на нашата македонска заедница во јужен Мичиген.

Со враќањето во Македонија во 1967 година по завршувањето на теолошката акедемија во Москва, владиката Кирил одигра клучна улога во обновувањето на Охридската архипископија на Македонската православна црква, двеста години по нејзиното укинување од страна на отоманскиот султан. Владиката Кирил беше единствениот преживеан потписник на афтокефалната декларација и голем активист за основањето на независна Република Македонија.

Владиката Кирил ги основа американско-канадаската епрахија како и австралиската епархија во кои служеше како главен администратор во 1987 и во 1982 година. Во текот на неговиот живот, неговото лидерство служеше како катализатор за меѓународно проширување на македонската православна вера. Длабочината на неговото наследство е потврдено со фактот дека во повеќе од петнаесет странски градови тој е деклариран како почесен граѓанин.

Повторно, Ве молам примете го моето најдлабоко сочуство за смртта на владиката Кирил. Неговото присуство во Македонската православна црква е незаменливо, а неговите многубројни придонеси за македонскиот народ, Македонците во дијаспората, вклучувајќи ги и оние во Стерлинг Хајтс во Мичиген, се камен-темелник на македонската заедница и се од трајна вредност. Засекогаш ќе ја паметам мојата средба со владиката Кирил, и сум  благодарна за неговата служба за Македонската православна вера и македонскиот народ.

Со почит,

Кендис Милер

Previous U.S. Flag Flown Above Congress Honoring Macedonian Metropolitan Kiril

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved