Митрополитот Методи се сретна со Конгресменката Милер и Конгресменот Паскрел

Од 11ти до 14ти април, 2013 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски, Методи, е во својата прва официјална посета на Вашингтон како учесник на првата Македонско-американска лидерска конференција организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора. Како дел од неговата агенда, Митрополитот Методи денес го посети Конгресот на САД и се сретна со долгогодишните пријатели на Македонија и на македонските заедници во САД, Конгресменката Кандис Милер од Мичиген која е основач и претседавач на групата за пријателство на Македонија во Конгресот, како и со Конгресменот Бил Паскрел од Њу Јерси, кој исто така е член на групата.

“Конгресменката Милер и Конгресменот Пасрел се големи пријател на Македонската Православна Црква и македонскиот народ, и во името на сите македонски православни верници во САД, особена чест ми е што се сретнав повторно со нив, и им ја изразив нашата искрена благодарност за нивната безусловна поддршка на Македонија,” рече Митрополитот Методи, кој е веќе седум години Митрополит на Американско-канадската епархија, сега со седиште во Мичиген.

За време на состаноците Митрополитот Методи ги запозна Конгресмените со актуелната состојба во епархијата, неговите планови за организирање на нови црковни заедници во Бостон, Сан Диего, и Вашингтон, како и неговите иницијативи за развивање на програми што ќе им послужат на младите и иднине генерации на Македонци-американци, а кои го вклучуваат религиозното образование и изучувањето на македонскиот јазик.

Со оглед на тоа што оваа година се навршуваат 50 години од изградбата и осветувањето на првата Македонска Православна Црква надвор од Македонија, Св. Петар и Павле во Краун Поуинт, Индијана, Митрополититот Методи ги покани Конгресмените да земат учество на некој од настаните што ќе го означат овој јубилеј.

Previous Преставникот на ОМД за Монтреал Александра Настеска номинирана за наградата 25 најдобри имигранти во Канада

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved