ОМД ја поздравува имиграционата иницијатива на претседателот Обама

Во име на повеќе од половина милион Американци со македонско потекло, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го поздравува планот на претседателот Обама за реформи во имиграциониот систем на САД. ОМД исто така очекува Република Македонија наскоро да се приклучи на безвизниот режим на САД, кој на македонските граѓани би им овозможил престој во САД до 90 дена. 

Минатата недела во Лас Вегас, претседателот Обама одржа говор во кој предложи промени во имиграциониот систем кои ќе им го олесни добивањето на постојан престој или на таканаречената зелена карта на студентите кои се образовани во САД во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката.  Понатаму, предложени се и визи за оние кои сакаат за започнат свој бизнис во САД, како и иницијативи за решавање на семејните случаи. ОМД силно верува дека овие иницијативи ќе и помогнат на економијата во САД. 

“Уште од 1880-тите, Македонците имигрирале во САД во потрага по економски можности, како и за да уживаат во слободите што САД  ги нуди. До ден денеска, Македонците имигрираат и го сметаат САД за свој дом,” изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “Одамна е време за либерализирање на визниот режим на САД кон македонските граѓани, и се надеваме дека овој моментум на имиграциони реформи ќе продолжи, и дека на македонските граѓани ќе им биде овозможено да ги искористат бизнис можностите во САД.  Севкупниот ефект би бил од заемна корист, како за Македонија, така и за САД.”

Оваа недела, ОМД учествуваше во конференциски повик со д-р Сесилија Муњоз, директорот за внатрешна политика на Белата куќа, на тема имиграционите реформи во САД.  Во август 2011 година, ОМД исто така учествуваше и во разговор со тогашниот шеф на кабинет на Претседателот Обама, Бил Дејли и д-р Муњоз за реформи во имиграциониот систем кон етничките групи во САД. 

 

Previous UMD Applauds President Obama’s Immigration Initiatives

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved