Конгресменот Адерхолт станa 19тиот член на Kонгресната пријателска група за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека Конгресменот Роберт Адерхолт (републиканец од Алабама) денес стана деветнаесетиот конгресмен да се зачлени во Конгресната пријателска група за Македонија и Македонски-Американци. Конгресменот Адерхолт го служи неговиот осми мандат  претставувајќи ја четрвртата изборна едниница на Алабама во американскиот Конгрес. 

 
Конгресменот Адерхолт е Конгресмен од 1997 година.  Тој е член на американската Хелсиншка комисија, основана во 1976 година, и има за цел да ги следи човековите права во централна Азија и Европа. Конгресменот Адерхолт е член и на моќната комисија за буџетско распределување, а комисијата има јурисдикција и над финансиите за работата на федералната Влада.  Понатаму, Конгресменот Адерхолт е претседавач на поткомитетот за домашна безбедност, а исто така е член и на администрацијата за земјоделство, рурален развој, прехрамбеност  и лекарства; како и на подкомитетите за трговија, правда и наука. 
 
“Голема чест е да се има долгогодишен пријател на Македонија како конгресменот Адерхолт во Конгресната пријателска група за Македонија.  Тој е силен поборник за членството на Македонија во НАТО и ние со нетрапение очекуваме да соработуваме со него за Макеоднија конечно да го заземе своето место на НАТО масата,” вели Претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “ОМД од срце му се заблагодарува за пријателството со нашата татковина и со Македонско-Амерканската заедница во САД.”
 
Конгресната Пријателска Група за Македонија, служи како тело за оддржување но и зајјакнување на позитивната и взаемно корисна врска помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.  Во март 2012 година,  Конгресната Пријателска Група за Македонија го предводеше обидот за добивање поддршка од страна на 54 членови на Конгресот, вклучувајќи го и Конгресменот Адерхолт, и испратија заедничко писмо до претседателот Барак Обама барајќи од него да го поддржи членството на Македонија за време на НАТО самитот во Чикаго.
 
За време на две расправи во Конгресот оваа година,  конгресменот Адерхолт изразил поддршка за  проширувањето на НАТО како и за вклучувањето на Македонија и земјите од западениот Балкан.  Првата расправа била во јануари 2012 година во организација на американската Хелсиншка комисија, а втората во април 2012 година за време на расправата на конгресниот поткомитет за Европа.  Тој ја оспорил американската администрација, високи функционери и тинк-тенк експерти за влијанието што пресудата на меѓународниот суд на правдата во полза на  Македонија го има за членство во НАТО.
 
Давајќи и глас на Македонско-Американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочувањето на врската помеѓу САД и Македонија. ОМД ги охрабрува сите Американци со Македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгрес и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија. Ве молиме, кликнете ОВДЕ за да го испратите Вашето писмо. 
 
Да дознаете повеќе за тоа како да се инволвирате, Ве молиме контактирајте ја Ана Давид на (202) 350-9798 или на adonevska@umdiaspora.org.
 
Да дознаете повеќе за Конгресменот Адерхолт, Ве молиме посетете ја следната страница: http://aderholt.house.gov/

Previous Congressman Robert B. Aderholt Becomes 19th Member of Macedonia Caucus

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved