Основачот на Конгресната пријателска група за Македонија Кендис Милер е избрана за претседател на комитетот за конгресна администарција на САД

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и честита на Кандис Милер за номинацијата да служи како претседател на комитетот за конгресна администрациоја на САД за време на 113от Американски Конгрес.  Комитетот за конгресна администрација е одговорен за секојдневното работење на преставничкиот дом на САД, а има надлежност и врз целокупниот државен изборен процес.  

“Почестена сум со довербата што претседателот Бејнер ја има во мене и ми ја даде обврската да председавам со комитетот за конгресна администрација.  Оваа комисија има одговорност да обезбеди ефективна и ефикасна работа на конгресот на САД, која е од витално значење за исполнувањето на многуте предизвици со кои се соочува нашата голема држава, ” изјави конгресменката Милер денеска во соопштението објавено од страна на нејзината канцеларија.

“И честитаме на конгресменката Милер која е долгогодишна пријателка на Македонско-американската заедница и е водечки глас во конгресот за македонските прашања уште од нејзиното доаѓање во конгресот во 2003 година.  Ние сме многу среќни што таа ја презема 

оваа водечка позиција во конгресот на САД,” изјави  претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “Со нетрпение очекуваме да работиме со председателката Милер за време на 113от конгрес на САД.”

Конгресменката Милер е претседател на конгресната пријателската група за Македонија и македонските Американци, која е дводомна и двопартиска група на членови на конгресот на САД посветена на одржување и зајакнување на позитивните и заемно корисни односи помеѓу САД и Македонија.  Во март 2012 година, конгресменката Милер заедно со педесет и четири конгресмени од претседателот Обама побараа поддршка за членството на Македонија во НАТО (до сега најголемата конгресна поддршката за Македонија). 

Previous Macedonia Caucus Founder Candice Miller Selected as Chairwoman of House Administration Committee

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved