Клинтон со посетата на Балканот и испраќа погрешна порака до Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) која служи како глас на околу половина милион Американци со македонско потекло, вчера испрати писмо до американскиот државен секретар Хилари Родам Клинтон изразувајќи загриженост за заобиколувањето на Македонија по четврти пат кога таа следната недела ќе го посети Балканот.  ОМД смета дека ова заобиколување испраќа погрешна порака до Македонија и нејзините граѓани, и ја повикува државната секретарка да ги преиспита нејзините планови за оваа посета. 

Подолу е текстот на писмото:

Почесна Хилари Клинтон
Државниот секретар на САД
Стејт Департментот
Вашингтон

Предмет: Посета на Балканот

Почитувана мадам државен секретар,

Разбравме дека следната недела ќе отпатувате во официјална посета на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Србија.  Во име на сите Американци со македонско потекло во САД, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) силно Ве повикува да отпатувате во официјална посета и на Македонија.  Следната недела ќе биде Ваша четврта посета во регионот, без посета на Македонија, што според нас, испраќа негативна порака до сите граѓани на Република Македонија.

Загриженоста на ОМД доаѓа од фактот дека Американски државен секретар ја нема посетено Македонија речиси една цела деценија.  Последната посета била во 2003 година од страна на тогашниот државен секретар Колин Пауел.  Како што знаете, Македонија е силен партнер и блиски стратешки сојузник на САД.  Македонија е клучна за стабилноста во Југоисточна Европа, и секогаш кога САД побарал помош од Македонија, Македонија безрезервно ја има пружено таа помош.

Македонија ја има покажано својата посветеност кон САД, а примери за тоа се мисиите во Косово, Ирак и во Авганистан, каде што Македонија е пети најголем соработник по глава на жител на нашата мисија, а Македонските војници го патролираат и седиштето на ИСАФ во Кабул.

ОМД се надева дека ќе ја посетите Македонија за време на Вашата официјална посета на регионот, која најверојатно ќе биде Ваша последна посета на Балканот како Американски државен секретар.  Вашето присуство ќе испрати  позитивна порака до македонските граѓани дека и покрај предизвиците, тие се на вистинскиот пат кон евро-атлантската интеграција, и дека нивните напори за влез во НАТО и ЕУ се силно поддржани од страна на САД. 

Со почит,

Методија А. Колоски
Претседател 

 

Previous Clinton’s Balkans Visit Sends Wrong Message to Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved