Соопштение на ОМД за Пописот на Населението во Македонија

На 1 Март, Државниот Завод за Статистика (ДЗС) на Македонија ги започна активностите поврзани со Пописот на Населението во Македонија 2021. За прв пат, пописот ќе собира само-пријавени податоци за македонски граѓани со постојан престој во странство. Македонија нема направено попис речиси 20 години наназад поради политичките махинации на неколку владини коалиции.

Како организација која ја подигна свеста на Македонците за потребата од нивно учество во пописите во САД, Австралија и Канада, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), долго време се залага за попис во Македонија, земајќи го во предвид сериозниот проблем со одлив на мозоци (brain drain). Сепак, ОМД има суштински примедби околу методологијата, закажувањето и намерата на пописот во Македонија кој е во тек. 

Методологија

Членовите на македонската дијаспора се жители на други држави и следствено се дел од пописот на друга држава. Нивното вклучување во македонскиот попис има мала практична корист, бидејќи бројот на граѓани кои живеат надвор од границите на Македонија може да се утврди на друг начин, имено со вкрстување на бази на податоци од Министерството за Внатрешни Работи.

ОМД забележува дека веб апликацијата за пописот е направена од бугарската компанија Scalefocus а не од една од многуте одлични ИТ компании од Македонија. Многу сме загрижени за тоа како личните податоци на граѓаните ќе се складираат, како ќе се заштити приватноста и сигурноста, и зошто воопшто се користи странски изведувач за оваа потреба.

Временска рамка

Препознаваме дека пописот во Македонија е долго задоцнет, земајќи во предвид дека последниот се одржа во 2002. Сепак, правење попис со малку или без никакво претходно долгорочно планирање и за време на пандемија е неодговорно и непропорачливо. Ова е посебно точно за Македонија бидејќи сеуште не се обезбедени вакцини ниту за најранливите категории, а не па за масовна вакцинација.

До денес, нема повеќе од 4,000 вакцинирани во Македонија. Вкупниот број на заболени од ковид-19 е над 100,000 и бројот на починати надминува 3,000 лица. Без вакцини и со новите ковид мутации во подем, традиционалниот врата-до-врата попис не е разумен. Други земји во регионот, како на пример Хрватска и Косово, веќе ги одложија своите пописи од оваа причина.

Намера

Многу Македонци се сериозно загрижени во врска со намерата на пописот. Имено, се чини дека одржувањето на пописот е производ на политички договор меѓу партиите во владејачката коалиција, а не произлегува од искрена желба за статистичка операција на броење на резидентното население. Многу веруваат дека овој попис се прави само за да им се даде легитимитет на владините политики поврзани со Тиранската Платформа, Преспанскиот Договор и Договорот со Бугарија – сите три настроени кон подривање на македонскиот идентитет, разгорување на би-националност, и можно растурање на самата држава.

Како што веќе забележавме, Македонија има сериозен проблем со одливот на мозоци. Според извештаите на Светската Банка и внатрешни извори, се проценува дека над 850,000 граѓани се исселиле од Македонија во последните 15 години. Наместо да се насочат кон единство и зачувување на граѓани, македонските закони создаваат додатни поделби со тоа што посебни привилегии и права им се даваат на малцинствата кои се повеќе од 20% од целокупното население. 

ОМД се надева дека нема да се манипулираат бројките од дијаспората, со тоа што тие ќе се додадат кон постојаните жители во Македонија за да се достигне одреден процент кај малцинствата со цел да се задоволат коалиционите партнери.

Следни чекори

ОМД ги повикува Државниот Завод за Статистика, пописните работници и меѓународните набљудувачи да вложат максимални напори кон осигурување на точноста на пописните резултати. Пописот треба да се изврши со добра волја и да претставува вистинит приказ на населението во Македонија. Резултатите од пописот треба да се користат за делотворни одлуки на владата поврзани со образование, економски развој, здравство и инфраструктура, а не за политични манипулации.

Оние кои привремено се надвор од Македонија треба да учествуваат во општиот попис што ќе започне во месец април. Македонците во дијаспората може да пристапат кон веб страницата со пописниот формулар на следниот линк; информации и насоки за пополнување на истиот се наоѓаат на главната страница за пописот. Откако ќе го пополните формуларот, испечатете ја последната страница за ваша евиденција. Јавете им се на сите ваши роднини и пријатели Македонци и препорачајте им да се попишат во најкраток рок. Објавете на социјалните мрежи и другите ќе го следат вашиот пример. 

Често велиме дека на Македонија и требаат Македонци. Оваа реченица никогаш не била поточна од денес. Со попишувањето ќе се осигурате дека вие и вашето семејство ќе се бројат како Македонци. Кажете им на сите дека постоиме и дека нашиот глас вреди да се слушне.

Previous UMD Statement on the 2021 Macedonian National Census

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved