ОМД jа поздрави посетата на Пустец на Заев и Рама

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), како најголема организација за Македонците во светот, ја поздрави посетата на премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, изминатиот викенд во Пустец – главниот град на македонското малцинство во Албанија. ОМД побара слични посети на премиерот Заев во Бугарија, Грција, и Косово заедно со неговите колеги Борисов, Ципрас, и Харадинај.

Викендов, по меѓувладината седница на Македонија и Албанија во Подградец, премиерот Заев заедно со неговиот колега премиерот Рама, ја посетија Македонската православна црква „Св. Архангел Михаил“, каде премиерот Заев лично донирал 2,000 евра. Претходно, го посетија училиштето каде заедно со министерката за образование Рената Дескоска, како и министерот за дијаспора Едмонд Адеми и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, донираа прибори и други материјали на македонски јазик до сите ученици. Цврсто веруваме дека оваа посета ќе имаше поголемо значање доколку гостите во Пустец би биле пречекани од градоначалникот со македонско потекло, Едмонд Темелко, кој моментално се наоѓа во домашен притвор во Ресен и покрај неговата тешка здравствена состојба. Македонскиот народ е добро запознаен со реакцијата на ОМД по повод притворот на Едмонд Темелко и селективниот пристап на Специјалното јавно обвинителство.

На средбите, премиерот Заев дал ветување за поголема грижа за правата на македонското малцинство во Албанија, особено поддршка за негување на македонскиот јазик, како и поддршка за програмата за манифестацијата Културно лето во Пустец, кое се одржува во јули секоја година. Премиерот Рама исто така дал ветување за владина помош за реновирање на училиштето во Пустец.

Албанија, заедно со Србија, се единствените соседи на Македонија кои го признаваат постоењето на македонско малцинство во своите граници. Македонците во Пустец и околната општина уживат основни човекови права, но се уште е загрижувачка состојбата, и тоа не само во општината но и во Голо Брдо, како и на останати места низ Албанија. ОМД е загрижена за притисоците кои се вршат врз македонското малцинство од страна на Бугарија, и бара Република Македонија да се посвети уште повеќе во унапредување на нашата заедница во Албанија – барање која ОМД го стави на маса на состаноците со премиерот Заев во Њујорк во септември, како и со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон во ноември.

Последната посета во Пустец од Владата на Република Македонија беше остварена во 2016та година од страна на тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски, и пред тоа во 2010та година од тогашниот премиер Никола Груевски.

ОМД планира посета на македонските малцинства во Албанија, Бугарија, Грција и Косово во март 2018 година. Моментално ја формираме групата на делегати кои ќе ја имаат таа шанса од прва рака да сведочат на состојбита во кои се наоѓаат сите македонски малцинства во соседните држави.

Previous U.S. Ambassador to NATO Hutchison: I Do Support Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved