ОМД се забагодарува на Чешка за признавањето на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека Чешка е сто триесет и петтата земја во светот што ја призна Македонија под нејзиното уставно име.  По унгарското признавање во декември 2012 година, Чешка е шеснаесетатта земја членка на ЕУ што го признава уставното име на Македонија. 

Билатералните односи помеѓу Македонија и Чешка датираат уште пред 1991 година.  Во 1928 година, чехословачкиот генерален конзул во Скопје Владимир Знојемски пишувал за постоењето на македонската нација, и за тоа дека македонскиот народ зборува различен јазик и се чувствува различено од останатите народи во регионот. 

Членовите на македонската заедница во Чешка во голема мера потекнуваат од Егејска Македонија (денешен ден Грција), и главно се состои од македонските деца бегалци и нивните потомци кои биле протерани од Грција за време на грчката граѓанска војна во 1940-тите.

ОМД изразува искрена благодарност до премиерот Петр Нечас, неговата влада и чешкиот народ низ целиот свет за нивната континуирана поддршка и пријателство.

“Одлуката на Чешка да го признае уставното име на Македонија зборува за бројот на земји членки на ЕУ кои се фрустрирани со ќор-сокакот од страна на ЕУ да одреди датум за почеток на пристапните приговори со Македонија”, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “Примерот на успешната интеграција во ЕУ на земјите од централна Европа е од голема важност за Македонија.” 

 

Previous UMD Thanks the Czech Republic for Recognizing Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved