ОМД: „Република Северна Македонија” e фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина

Северна Македонија од Западен Балкан во Југоисточна Европа, како решение на 27-годишниот билатерален спор помеѓу Република Македонија и Грција, со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга-омнес за севкупна употреба како дел од пакетот-решение, претставува триумф на Грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина.

Со сериозно отсуство на јавна дебата, нулта вклученост на македонската академска фела и занемарена транспарентност во преговарачкиот процес кој се сведе на самоволие на два политички субјекта, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета пакет-решението за промена на името на државата е неосновано. Покрај тоа што таквото самоволио во целост се противи на се она што беше вклучено во предизборната програма на Социјал-Демократскиот Сојуз, ОМД смета дека политиката на Премиерот Заев за валидизација на договорот преку референдумско прашање, е суицидна за македонската држава и народ.

Преточено во политичката реторика на Претседателот Иванов, ОМД смета дека „никој не поседува мандат да го одземе правото на идните генерации да бидат Македонци, и никој нема право да го избрише државно-правниот континуитет на државата, со што се деградира заветот на нашите предци”. Воедно, во време кога ЕУ најави крај на ригидноста на носењето на одлуки со едногласен консензус, која што промена во Европската политика е нова шанса за ЕУ-интеграцијата на Република Македонија под нејзиното уставно име, ОМД смета дека избрзаната и аматерска дипломатија на Премиерот Заев и Министерот за Надворешна Политика Димитров, е водена од други мотиви, кои не се Евро-Атлантските Интеграции.

Повикувајќи се на член 305 од законот за велепредаство како кривично дело против државата од Уставот на Република Македонија, „тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или ќе ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години”; повикувајќи се на член 308 за загрозување на независност од Уставот, „секој граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе земјата во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години”; и повикувајќи се на член 178 од Уставот за повреда на угледот на Република Македонија, „тој што со намера за исмејување јавно ќе го изложи на подбив македонскиот народ, ќе се казни со затвор до три години”, ОМД увидува дека со најновата капитулација кој во најмала мера претставува велепредаство, повреда на националниот углед и чин на исмејување на македонскиот народ, е казливо дело во повеќе наврати.

Чинот на демантирање на Крушевската Република и АСНОМ, чинот на бришење на членот 49 од Уставот за заштита на македонското национално малцинство во соседните земји, чинот на информирање на сите членки на Обединетите Нации за промена на уставното име без државен консензус, чинот на прифаќање на грчките максималистички барања, чинот на непочитување на Хашката пресуда како највисок орган на меѓународното право, како и чинот на прифаѓање на договор во кој нема никаква правна сигурност за македонските интереси, се типичен пример на велепредаство, срам, и навреда кон Република Македонија. Според тоа, ОМД бара од креаторите на решението најитно прекинување на преговорите, извинување кон македонскиот народ и превземање на мерки за враќање на македонското достоинство, углед и благосостојба, меѓудругото, и со распишување на предвремени парламентарни избори.

Додека македонското единство никогаш порано не било толку разединето, ОМД смета дека „Версајскиот Договор” за Северна Македонија сноси ризик да биде „последната капка” која би ја прелеала чашата во македонското општество. И додека грчкиот „Non Paper” посочува 16 придобивки од резрешницата на 27-годнишниот спор во интерес на Грција, Македонија единствено што добива е предуслов за внатрешно-државен немир и општо незадоволство.

Previous Настаните во Тимјаник се производ на системот во кој образовните, инклузивни и анти-дискриминирачки програми изостанаа од државните приоритети

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved