ОМД повикува на подобрен пристап до политичките права и граѓанските слободи во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е разочарана од наодите на Извештајот од 2021 година – „Слобода во светот“, од невладината организација Фридом хаус, особено во контекст на Македонија.

Извештајот го оценува пристапот на луѓето до политичките права и граѓанските слободи ширум светот. Заклучокот е дека вкупните глобални трендови за овие индивидуални слободи веќе 15 години се во опаѓање.

Македонија е класифицирана во Извештајот како преоден или хибриден режим со вкупен лош резултат на демократијата од само 46 од 100, што покажува мало или никакво подобрување од претходната година. Извештајот заклучува:

„Македонија продолжува да се бори со корупција и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување“.

ОМД ја повикува македонската влада да работи со транспарентност, да развие силни заштитни мерки против корупцијата, да дозволи мирен протест и чесно новинарство и да се вклучи во ефективни реформи во судството.

Методија А. Колоски, претседател на ОМД, рече:

„Постои вистинско чувство на срам секогаш кога има нов извештај за рангирање на слободите во Македонија. Ова е одраз на владите што одбиваат да еволуираат и да го поддржат својот сопствен народ, кој генерално е воден напред.

„Уште еднаш, гледаме дека моќта почива премногу централно: не се прави доволно за да се заштити слободата на печатот и да се гарантираат граѓанските слободи. Тешко е да се почитува владата што, според зборовите на овој Извештај, демократски „заостанува“.

„Ако има нешто позитивно, е во потврдата дека членовите на ОМД, и старите и новите, продолжуваат да ја поддржуваат работа на ОМД за едукација и јавно застапување за привлекување внимание и справување со некои од проблемите истакнати во овој Извештај.“

Previous 78 Years Since Deportation of Macedonia’s Jewish Community by Bulgarian Army

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved