ОМД Остро ги Осудува Смртните Закани по Животот на Австралиски Градоначалник со Македонско Потекло

Со голема загриженост Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја споделува следнава изјава.

ОМД остро ги осудува личните напади и закани со смрт по назначувањето на Емилија Стерјова за градоначалник на градот Витлси, Австралија.

Емилија, на 22 години, е најмладата жена градоначалник во историјата на Австралија, и нејзините постигнувања не се ништо друго туку причина за славење на сите Австралијци. Со назначувањето за градоначалник на толку рана возраст, Емилија постигна нешто што ги охрабруваме нашите ќерки и генерално младите луѓе да направат: да се вклучат во политичкиот живот како би допринеле до позитивни промени.

Сепак, токму кога нашите малди одлучуваат да се вклучат во политичкиот живот, тие стануваат мета на напади. Како и многу други активисти, Емилија стана дел од групата на Македонци кои се изложени на брутални напади од страна на истите луѓе кои го негираат и потиснуваат македонскиот етнички идентитет.

Наместо да ги прослават различностите и етничкиот плурализам во Австралија што беше зајакнат со изборот на Емилија за градоначалник, грчката заедница во Мелбурн ја нападна и вербално ја малтретира Стерјова. Таа не е нападната од страна на грчката заедница за нејзините политички приоритети и ставови како градоначалник, туку поради фактот што се идентификува како етнничка Македонка. Оваа погубна реторика ја рефлектира политиката на Грција кон Македонија и Македонците, и таквата предодреденост не припаѓа во Австралија.

Заканите и повиците Стерјова да се повлече од функцијата градоначалник бидејќи таа се идентификува како Македонка се апсурдни и расистички, но заканите по нејзиниот живот се позагрижувачки и застрашувачки. Само-идентификацијата како етнички припадник на одредена група е основно човеково право што важи за сите граѓани на слободни држави. Секој обид заканите по Стерјова да се преиначат во некој вид на ‘‘политички коментар‘‘ е само начин да се промени природата на нападите кон неа. Грчката кампања кон Стерјова не е политички коментар, туку личен, дискриминаторски и расистички напад на сметка на Емилија.

Специфично, нападите кон Емилија се делумно резултат на фактот што таа танцуваше со македонското знаме за време на церемонијата на Викторијанската школа за јазици, каде Емилија само сакаше да го симболизира и прослави нејзиниот етнички идентитет. На истата церемонија, Емилија зборуваше за значењето на културните и етничките различности, за важноста на зачувување на етничките јазици, и за вклученоста на младите во политичкиот живот. Иако Емилија со нејзиниот говор и присуство го славеше македонскиот идентитет, таа не го направи тоа на сметка на Грција или грчката култура и цивилизација. За жал, истото не може да се каже за грчката политичка заедница во Австралија, која преку брутални вербални напади се обидува да го омаловажи и заплаши активизмот на Македонците во Австралија и светот.

Грчката заедница во Австралија ја обвини Стерјова за прекршување на илегалниот, неправеден и неодржлив Преспански договор со нејзината прослава на етничкиот идентитет. Изгледа Грците не можат да разберат дека прославувањето на својот личен етнички идентитет од страна на граѓанин на Австралија не претставува кршење на билатерален договор потпишан помеѓу две земји на другата страна на светот. Во случај да им треба потсетување, ОМД потврдува дека акциите на Емилија во Австралија на никој начин не претставуваат прекршок на одредбите од Преспанскиот договор, ниту на било која повелба од корпусот на меѓународното право. Од друга страна, Австралија има изградено легална инфраструктура која казнува закани по живот, говор на омраза, дискриминација и клевета, или со други зборови она што грчката заедница го направи на сметка на Емилија.

ОМД и македонската заедница цврсто стојат позади Емилија Стерјова. Се надеваме дека Грците во Австралија ќе престанат со нивната историско-дискриминаторна кампања, и ќе се приклучат проактивно кон поддржување на агендата на Стерјова за прогрес и поддршка на младите.

Емилиа е добитник на 40 испод 40 во македонската дијаспора од страна на ОМД.

Следи говорот на Стерјова:

Previous UMD Deplores Death Threats on Australian Mayor of Macedonian Heritage

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved