ОМД: Одлуката на Советот на ЕУ за Македонија го става во прашање Кредибилитетот на ЕУ

Со одлуката на 11 декември 2012 година да се стават националистичките агенди на Бугарија и Грција пред агендата за  проширување на ЕУ, Советот на ЕУ ја загрози регионалната стабилност во западниот Балкан, а воедно го стави во прашање и кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека ЕУ треба да служи како мост кој ја обединува Европа, но наместо тоа, ЕУ се повеќе ја поделува Европа и ги продлабочува регионалните разлики, особено со уцените од страна на земјите членки на ЕУ кон земијите кандидати за членство. 

По последното проширување на ЕУ во 2007 година и светската економска криза во 2008, процесот на прошурување на ЕУ е во застој, особено кога станува збор за Македонија. Со одлуката на Советот на ЕУ на 11 декември, на кандитатурата за членство во ЕУ на Македонија и се додадени нови кретериуми, вклучувајќи го и нејасниот критериум за одржување на “добрососедски односи.”  Јасно е дека овој критериум нема мерна едниница, туку служи како политичка алатка на Бугарија и Грција да го одржуваат статусот кво со Македонија. 

Со оглед на препораките од страна на Европската комисија во кои веќе четири години се препорачува почеток на пристапните разговори, одлуката на Советот на ЕУ е самоуништувачка и неодговорна. Препораките на Европската комисија се основани  врз  демократската волја на земјите членки на ЕУ, но Советот на ЕУ одлучи да ги занемари препораките и да донесе одлука врз основа на политиките за надворешни работи на Бугарија и Грција кои датираат уште од 19-от век. 

И покрај очигледните двојни стандарди, Македонците треба да бидат горди на напредокот што земјата го има постигнато во институционалните реформи и економскиот развој. Со мирното декларирање на независност во 1991 година, Македонија денеска има успешна пазарна економија со стабилна валута и цврста макроекономија. Понатаму, Македонија го има зачувано своето вековно почитување на мултикултурализмот и верската толеранција во земјата. И покрај пречките, Македонија  денеска е извозник на безбедност во светот и значајно придонесува за меѓународната безбедност, вклучувајќи ја и мисијата ИСАФ во Авганистан. 

Со одолжувањето на пристапните преговори со Македонија, ЕУ само ја потрврдува својата неспособност да ги исполни сопствените принципи.  Затоа Македонија треба да се фокусира на развојот на економијата и зајакнувањето на демократските институции, а не на агресивната реторика од страна на Бугарија и Грција. 

Она што Брисел треба да го прифати е дека Македонците во Бугарија и Грција имаат претрпено систематска дискриминација, а до ден денешен Бугарија и Грција ги негираат човековите права и верски слободи на македонското население во овие две држави. Брисел ја наградува оваа политика со дозволувањето на Бурагија и Грција да бидат вратарите на ЕУ и да одлучуваат колку “добрососетско” е македонското општество кон овие две земји. ОМД смета дека ЕУ треба да биде пример за повисоки стандарди во контекст на фискална одговорност и демократски слободи во Југоисточна Европа.

ОМД ги повикува сите земји членки на ЕУ кои не ја признaваат Македонија под нејзиното уставно име, вклучувајќи ги Франција и Германија, да ја признаат Македонија во блиска иднина со цел кредибилитетот на ЕУ да се врати во македонското општество. ОМД исто така бара од ЕУ да побара од Атина и Софија да се помират со современата реалност дека посебна македонска нација, со свој јазик, културно наследство и идентитет постои и ќе продолжи да постои во Југоисточна Европа.

ОМД цврто верува дека Македонија не треба да членува во ниту една меѓународна организација која не го почитува правото на самоопределување и не го признава уставното име на Република Македонија. 

Previous UMD: EU Council on Macedonia Undermines EU Enlargement Credibility

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved