ОМД назначи два нови члена на управниот одбор

Со наближувањето на 10-годишнината од создавањето на Обединетата македонска дијаспора, ОМД со задволство го објавува назначувањето на Наталија Булинг-Бетински од Чикаго (САД) и Вера Најдовска од Виндзор (Канада) за нови членови на управниот одбор на ОМД.

“Изборот на уште две жени да служат на управниот одбор на ОМД е одраз на нашата посветеност за разновидност – со ова се надеваме да инспирираме повеќе македонски жени да станат лидери и да учествуваат во донесувањето на одлуки”, вели Лидија Стојкоска, член и благајник на управниот одбор на ОМД. “Наталија и Вера ќе бидат одличен додаток на управниот одбор, и очекувам одлична соработка.”

Наталија Булинг-Бетински ќе продолжи да служи како директор на добротворните активности на ОМД, и ќе ги управува сите глобани добротворни проекти на ОМД. Позицијата за регионален преставник на Чикаго е моментално отрворена. Вера Најдовска ќе го преземе новиот ресор на ОМД како директор за подигање на културна свест.

“Наталија и Вера со години се составен дел од работата на ОМД и истакнати лидери во македонските заедници во Чикаго и Виндзор. Нивната страст, посветеност и љубов кон македонската кауза е причината за нивниот успех,” вели председавачот на управниот одбор на ОМД, Стојан Николов. “Она што Наталија и Вера ќе придонесат се нивните визионерски и лидерски вештини, кои пак ќе помогнат во остварувањето на мисијата на ОМД да се помогне на Македонија и македонците.”

“Довербата што ОМД ми ја даде со ова назначување е голема чест и предизвик, а со тоа и мојата улога во ОМД се зголемува и ќе ми овозможи активно да го штитам македоснкиот идентитет. Со помош на довербата и поддршката дадена од страна на членовите, ОМД овозможува влијание и конкретни резултати”, рече Булинг-Бетински. “ОМД доделува стипендии, обезбедува можности за остварување на контакти, обезбедува хуманитарна помош, и што е најважно – им дава професионален глас на македонската дијаспора пред креаторите на политиката во светот. Ќе се стремам преку мојата работа во ОМД да придонесам за подобра иднина на сите Македонци.”

“Почестенa и возбудена сум да бидам дел од организацијата која секогаш ја почитував и ѝ се восхитував. Од самото основање на ОМД ја следам нивната работа, и успехот што тие го имаат постигнато е извонреден. Со текот на годините бев сведок на исклучително посветени и страстни членови на управниот одбор на ОМД, и нивните високи стандарди и етика ќе бидат пример за мојата работа. Очекувам одлична соработка, и се радувам за прославата на 10-годишнината од основањето на ОМД следната година,” рече Најдовска.

Биографии

Наталија Булинг-Бетински е ќерка на македонски иселеници кои се доселиле во Чикаго во 1968 година. Наталија и нејзиното семејство често патуваат во своите родни места Берово и Струмица. Наталија со години е активен член на македонската заедница во САД. Пред назначувањето за член на управниот одбор на ОМД во декември 2013 година, Наталија служеше како регионален претставник за Чикаго.

Булинг-Бетински дипломирала со висок просек на факултетот по психологија, а специјализирала на отсекот по организациона и индустриска психологија. Од мај минатата година Наталиа е магистрант во истата област. Во последните десет години од нејзината кариера Булинг–Бетински работи во бизнис управување и менаџмент на повеќебројен и меѓународен персонал и консалтинг фирми. Исто така, таа управува и со семјните бизниси вклучувајќи македонски ресторан во Чикаго и одморалиште со пет звезди во Македонија, кое треба да започне со работа во 2014 година.

Вера Најдовска е родена во Битола и на тринаесет годишна возраст се преселила во Виндзор (Канада). Таа работи на Универзитетот во Виндзор на одделот за информациски технологии. Дипломирала на факултетот по компјутерски науки на колеџот Сент Клер во Виндзор, а потоа и на Универзитетот во Виндзор на отсекот по словенски (руски) науки и историја. Вера студирала руски јазик во Москва на Институтот за странски јазици “Пушкин,” чешки јазик на Карловиот универзитет во Прага, како и италијански јазик на италијанскиот институт во Фиренца. Во моментов, главна цел и е да го изучи флуентно македоснкиот јазик, и за таа цел има пишувано и преведувано за списанието “Гласот на ОМД.”

Во нејзиното слободно време, Вера волoнтира за бројни организации како што се уметничката галерија во Виндзор, мултикултурниот центар на градот Виндзор, Македонскиот центар Свети Никола и други слични организации. Таа има организирано настани за собирање на средства, била уредник на многубројни билтени, организатор на тури, како и тутор на студенти. Дршавата Онтарио во 2012 година и додели награда за нејзиното десет годишно волонтирање.

Previous Two Women Appointed to Global UMD Board of Directors

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved