ОМД и МКАА со протесно писмо до престижниот Њујорк Тајмс

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) и Македонско-Канадска Адвокатска Асоцијација (МКАА) испратија писмо до престижниот Американски весник Њујорк Тајмс во врска со учеството на новинари од весникот во овогодинешниот Атински Демократски Форум. Форумот се оддржува од 9ти до 11ти Октомври во Атина, каде грчки интелектуалци ќе бидат придружени од истакнати новинари од Њујорк Тајмс и ќе дискутираат на теми поврзани со демократијата.

Кликнете ОВДЕ за писмото.

ОМД – најголемата македонска организација во дијаспората, и МКАА – Канадско-Македонска асоцијација на повеќе од 70 успешни адвокати со македонско потекло, заеднички испратија протесно писмо до канцелариите на Њујорк Тајмс. Во писмото двете организации посочуваат кон широко-распространетата лага дека Грција е лулка на демокартијата, и повикуваат на престижниот весник да покрене дискусија за грчкиот третман кон своите малцинства.

Двете организации истакнуваат дека форумот за владеењето на демократијата е екстремно важен, но исто така дека начинот на кој земјата домаќин на форумот ги третира етничките малцинства треба да биде истакнат за време на дискусиите. Писмото специзира како грчката држава, покрај својата само-идентификација како лулка на демократијата, со децении спроведува мерки кон македонското малцинство кои се спротивни на било кои демократски принципи.

Со цел осврнување врз многубројните прекршувања на основни човекови права на македонците во Грција, писмото ги наведува извештаите на неколку светски организации кои детално ја презентираат состојбата со малцинствата во Грција. Особен акцент е ставен на систематската и долготрајна кампања против македонското малцинство во Грција, почнувајќи од егзодусот на македонците од Егејска Македонија па се до конкретните мерки кои до овој ден го отежнуваат животот на македонците во Грција. На пример, цитирајќи го извештајот на Геј Мекдугал, писмото посочува кон одбивањето на Грција да го признае постоењето на македонското малцинство, што го руши митот промулгиран од грчките власти дека Грција е слободна и демократска земја што се залага за остварување на правата на сите грчки граѓани.

Соочени со постојаните злоупотреби на правата на малцинствата, ОМД и МКАА побараа од Њујорк Тајмс да ги донесе прашањата за правата на малцинствата во Грција во прв план на форумот за демократија во Атина.

Покрај прекршоците на правото за само определување истакнати се и константните рушења на правата за слободно здружување, како и бројни прекршувања на религиски слободи. На македонците во Егејска Македонија им е забрането користењето на зборот македонска при регистрирање на малцинските организации, што претставува флагрантно кршење на правото на слободна асоцијација и изразување на културна автономија. Исто така, на македонците во Грција им е забрането формирање и регистрирање на македонска црква, што за една (не)демократска земја претставува брутално потиснување на верските слободни. Покрај фокусот на недемократските мерки на грчката влада против своите малцинства, писмото се осврна и на политичкиот притисок од страна на Атина врз македонските власти за промена на македонското име, идентитет и национална свест. После многубројните уцени и вета Грција конечно успеа, на недемократски и суров начин, да принуди потпишување на капитулациониот Преспански договор, со кој се потиснува постоењето на македонскиот идентитет.

Сите овие проблеми со исполнување на основни човекови права го доведуваат во прашање грчкиот статус како лулка на демократијата. Поради овие причини, ОМД и МКАА се надеваат дека новинарите од престижниот Њујорк Тајмс нема да ги легитимираат апсурдните тврдења на грчките власти дека Грција е пример за демократско функционирање, и дека форумот за демократија во Атина ќе се искористи за осврнување врз горенаведените злоупотреби.

Previous Joint UMD-MCLA Open Letter to NYTimes over Athens Democracy Forum

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved