ОМД изразува загриженoст за влошеното здравје на борецот за човекови права на Македонците, Едмонд Темелко

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД и инсистира СЈО веднаш да побара отпуштање од притвор.

ОМД му испраќа најискрени желби за брзо оздравување на Темелко и му посакува цврта верба и истрајност во голготата што ја преживува.

Ја потсетуваме Македонската јавност дека за време на неговиот градоначалнички мандат, Темелко се има покажано како посветен борец за човековите права на македонското малцинство во Пустец, како и во останатите делови од Албанија, осигурувајќи дека истото е третирано со должна почит и достоинство. За време на неговата активност на албанската политичка сцена, Темелко се има покажано како столб на толеранцијата, плурализмот и еднаквоста на Македонците во Албанија. ОМД се надева дека Темелко ќе продолжи да ја извршува оваа функција уште многу години.

ОМД предупредува дека со селективниот пристап на Специјалното јавно обвинителство за двомесечниот притвор, се крши правото за не-дискриминација, и се надеваме дека на Темелко ќе му биде овозможен еднаков третман со другите обвинети, како и фер и транспарентен судски процес.

ОМД им се придружува на претседателите на Македонија и на Албанија, како и на македонските организации во Албанија и светот, кои изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко.

Previous UMD Concerned about Ailing Health of Macedonian Human Rights Advocate

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved