ОМД до Грчкиот МНР Коѕијас: Македонското име не е предмет на преговори

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е вознемирена од предлогот на Грчкиот Министер за Надворешни Работи Никос Коѕијас, кој тврди дека спорот за уставното име на Република Македонија може да биде решено преку мерката “пакет преговори.”

Ова претставува уште еден обид кој укажува дека Грчката влада, во целост и некомпромисно, ги негира човековите права на Македонскиот народ. Воедно, Грчкиот став наведува дека нивната влада го занемарува идентитетот и историјата на источниот сосед, кое воедно креира претпоставка дека Македонскиот народ би имал интерес да преговара со претпоставено политичко лидерство. Како и да е, Грчката влада ги има подценето вољата на Македонскиот народ и одлучностa на организации како ОМД кои делуваат во заштита на родната земја од оние кои го делегитимизираат нејзиното постоење.

Од своето основање, ОМД негува став дека преговорите во врска со името се апсурдни, како што ни една влада не смее да поседува право ни сила да го промени уставното име на Република Македонија. Поради тоа, ОМД повикува на откажување на преговорите час поскоро, во што се состои и борбата на ОМД против навредливата политика врз Македонската народ и култура.

Без разлика на константните предизвици, ОМД е недвосмислен подржувач и заштитник на Македонските вредности, во што и останува доследен во својот став во секое политичко уредување и влијание.

Посакуваме Македонците секаде околу светот да се доследни во поддржка кон името, националното наслество, јазикот и идентитет. Обединети можеме!

Previous UMD Message to Greek Foreign Minister: Macedonia’s Name is Non-Negotiable

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved