Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска го поздрави создавањето на Меѓународното македонско лекарско друштво (ММЛД). ММЛД беше основанo во септември ова година од страна на двајца истакнати членови на македонската дијаспора, д-р Зоран Бечваровски од Сиднеј (Австралија) и д-р Борис Каранфилов од Колумбус, Охајо (САД).
“Наша должност како македонската дијаспора е да помогнеме, на било кој начин, и да придонесеме во подобрувањето на условите на Македонците ширум светот, било да е тоа во однос на надворешната политика или медицината па така што предвидените активности на ММЛД се извонредни и ОМД им посакува се најдобро,” истакна претседателот на ОМД, Методија А Колоски. “Ги поздравувам и поддржувам д-р Бечваровски и д-р Каранфилов во своите напори, и ги повикувам сите останати лекари од македонско потекло да му се приклучат на ММЛД.”
ММЛД е растечка организација на медицински ентузијасти и здравствени професионалци посветени на промоцијата и подобрувањето на здравјето и благосостојбата на локалната заедница, со посебен осврт кон потребите на македонската заедница. Целите на организацијата се промоција на професионалните стандарди на своите членови, обезбедување форум за професионална и социјална размена меѓу членовите и континуирана медицинска едукација, итн.
Македонскиот Министер за здравство Николов Тодоров како и почесниот Шокет Меселман при Парламентот на Нов Јужен Велс во Австралија им оддадоа признанија за воспоставувањето на ММЛД.