ОМД возврати на документарниот филм за Македонија на Морган Фримен

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) возврати на првата најава за филмот „Selling Lies“, со кој Македонија е претставена единствено како земја на лажните вести. Документарниот филм се основа на мрежа тинејџери кои преку пласирање на лажни вести со политичка содржина, наводно интервенираат во претседателските избори во САД, 2016 година.

Филмот е продуциран од страна на Revelations Entertainment во сопственост на актерот Морган Фримен, и во партнерство со филмскиот директор одликуван со награди од Филмската Академија, Лесли Леркс.

Методија А. Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД):

“Да бидеме јасни: вклученоста на македонските компјутерски експерти во претседателските избори во САД во 2016 година, наложува детална истрага и јавна расправа. Документарниот филм би требало да делува токму во таа насока, да ја актуелизираат темата, како би се посветило многу поголемо внимание.“

„Проблемот кој го забележавме во најавата за документарниот филм, е репрезентативноста на Македонија. Рустичната градба и трошните блокови, не се единствената слика за Македонија. Тоа не е земјата која јас ја познавам, и искрено се надевам дека филмот ќе се осврне и на културното богатство, меѓу другите позитивни одлики на Македонија”

“Да се обвинат група тинејџери за исходот од претседателските избори во САД во 2016 година, е навредливо за секој со мало познавање во изборните принципи и практики. Сметам дека американската јавност не е неука за да може да поверува на се што протекува на интернет, и сметам дека американските медиуми се доволно стручни да ги процесираат вестите во нивното репортирање.”

“Верувам дека секоја земја во светот има помалку репрезентативни населени места со жители кои му пркосат на законот. Затоа се надевам дека филмот ќе изостави да ја претстави Македонија како назадна Балканска земја, во која секој би направил се за пари.”

Вероника Томова, Директор на ОМД за Македонија:

„Искрено се надевам дека документарниот филм ќе изостави да ја обвини Македонија за вмешаност во Америчко-Руското ривалство, и се надевам дека документарниот филм ќе овозможи објективна наместо субјективна претставеност на земјата.”

Previous UMD Responds to Morgan Freeman Documentary on Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved