ОМД Бара Одложување на Изборите Поради Коронавирусот; 4 Барања за Лидерската Средба

Како најголема организација на македонците надвор од Македонија, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) се приклучи вчера на повиците од јавноста во државата на одлаѓање на изборите поради коронавирусот и виталноста да се справиме со епидемијата. 
 
ОМД потенцираше дека одлаѓање на изборите сепак не е изговор за Државната Изборна Комисија да ги загрозува правата на македонските граѓани надвор од Македонија и да ги става нивните лични податоци на јавен увид на нивната веб-страница што е сосема спротивно на законот за заштита на личните податоци и регулациите на Европската Унија. ОМД ги информираше ОБСЕ и ОДИХР за овии случувања.
 
ОМД објави четири барања за лидерската средба што ќе се одвива под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски:
 
  • Под итно, Државната изборна комисија да ги тргни личните податоци на сите 7,535 пријави од нивната веб-страница. ОМД ќе поднесе кривична тужба против членовите на ДИК доколку ова не се случи и веќе пријави жалба во Агенцијата за заштита на личните податоци. 
  • Доколку се одложат изборите, досегашните прифатени пријави од македонските граѓани надвор од Македонија да не се поништуваат и да се воведи нов рок за пријавување на останати.
  • Нема причина да се трошат над 350,000 евра за да се спроведат избори надвор од Македонија. ОМД предлага да се воведи електронско гласање како други мали земји, на пример Естонија, и/или гласање преку пошта. 
  • На крај, ОМД бара политичките партии да донесат конечна одлука да се споведе попис на населението не покасно од април 2021 година. Моментално во САД се спроведува попис на населението и во време на коронавирус повеќето од пописот се случува преку електронска форма, пошта или потполнување преку телефон. ОМД како национален партнер на Бирото за пописот на САД стои на располагање на институциите на Македонија за организирање попис во Македонија.
 
Време е за Европски демократски стандарди во Македонија. Обединети можеме! 
Previous Реакција од ОМД: Избирачкото право на македонскиот граѓанин надвор од државата е повредено и загрозено

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved