Настаните во Тимјаник се производ на системот во кој образовните, инклузивни и анти-дискриминирачки програми изостанаа од државните приоритети

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со внимание ги следеше настаните во Република Македонија предизвикани со иницијативата на Министерството за Труд и Социјална Политика (МТCP) за изградба на центар за деца со посебни потреби, која што иницијатива наиде на отпор од мештаните на село Тимјаник, наеселено место каде центарот е предвиден.

Мештаните на Тимјаник, пружија отпор кон иницијативата, со став дека Тимјаник има потреба од градинка за која им е дадено ветување во предизборната кампања, а не дом за деца со попреченост, кој според нив, Тимјаник не располага со сооветниот простор и услови за нивно згрижување.

Со внимателна и детална анализа на проблемот, ОМД верува дека отпорот се основа не недоволна едукација за тоа дека децата кои се предвидува да се згрижат во установата, не претставуваат закана од ников тип за заедницата, туку напротив, компонента за поголема инклузивност, толеранција и хуманост на Тимјаник.

ОМД, воедно верува дека потребата од граднинка не е помалку приоритетна, поради што апелира до локалните власти и МТСП да излезат во пресет со отварање на градника, како би се поедноставила и подобрила грижата за децата во Тимјаник.

ОМД го охрабрува потегот на Министерката на МТСП Г-ѓа Мила Царовска и канцеларијата на UNDP предводена од Г-ѓа Луиза Винтон, во кој се соочија со мештаните со цел да ги разберат нивните барања и стравови, но воедно, со цел да се превенира конфликт од овој тип во иднина, ОМД апелира навремено да се комуницира со мештаните за сите предвидени проекти во нивната заедница, како и да инвестира поголеми средства и напори за едукација на луѓето и нивна поголема вклученост во носењето на политики на локално и централно ниво.

Во оваа прилика, ОМД исто така го поздравува примерот на градоначалникот на Валандово, Г-дин Перо Костадинов кој изрази подоготвеност да отстапи простор и создаде услови за хумани дневни центри за лица со попреченост во општината, како и примерот на младиот научник со признание за воздухо-инженерство од САД, Мартина Димоска која преку лично искуство на член од семејство со мускулна дистрофија, укажа на тоа дека лицата со попреченост не претставуваат закана за општеството, туку тие се лица од кои може и треба многу да се учи. Воедно, ОМД го охрабрува и потегот на телевизија ТВ21, кои иницираа посета на децата со посебни потреби од страна на жителите на Тимјаник, на кој начин допринесоа кон рушење на стереотипите и градење на поголема толеранција кон различностите.

Преку подршка и препознавање на локални хеори, проекти и иницијативи за добробит на Република Македонија, ОМД останува верен партнер за раст и развој на македонското општество.

Previous UMD Mourns Passing of Ohio State Legend and Macedonian Immigrant Pandel Savic

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved