Изјава на ОМД за концертот на грчката православна заедница од Јужна Австралија

Грчката православна заедница во Јужна Австралија, преку нивниот танц ансамбл, и во координација со грчката музичка група Микри Компани, во моментов го промовираат нивниот танцувачки концерт како ‘‘Патување низ Македонија и Тракија‘‘.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) би сакала да ја потсети грчката и меѓународната заедница дека промовирањето на грчка култура и музика како ‘‘македонска‘‘, без да направи никаква разлика помеѓу што е македонско а што е грчко, е вид на дискриминаторска, провокативна практика, и културно присвојување од најлош вид. Со присвојувањето на зборот ‘‘македонска‘‘, грчката заедница ја продолжува долгогодишната кампања за прикривање на злосторствата извршени врз македонците за време на Балканските војни, режимот на Метаксас, и периодот од 19444-1948. Исто така, културното присвојување ја демонстрира неподготвеноста на Грција да го признае постоењето на етничките македонци кои живеат во Грција.

ОМД ја повикува грчката заедница во Австралија да престане со токсичната реторика, која е карактеристична на грчката политика на негирање на историската реалност. Се надеваме дека грчката заедница во Австралија може да ја прослави својата горда култура, без да ја дискриминира македонската заедница во Грција. Доколку грчката заедница е заинтересирана за промоција на комплетното патување низ ‘‘Македонија‘‘, потребно е признавање на големото македонско малцинство во Грција.

Previous UMD Statement on Greek Orthodox Community of South Australia Dancing Concert

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved