Да ни е вечен 8 Септември денот на Република Македонија Македонци каде и да сте!

Со длабоко измешани чувства на радост и болка, убавина и чемер, сонце и темнина, го одбележуваме овој ден, кој е длабоко врежан во нас кои искрено и патриотски си ја сакаме и почитуваме државата, матичната татковина Република Македонија, татковина и држава на сите Македонци и останати сограѓани кои искрено си ја сакаат како сопствена и своја, каде и да се наоѓаме низ светот.

На овој светол ден, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) изразува длабока почит и незаборав за сите наши браќа и сестри предводени од визионерите втемелени во нашата химна за навек, преку патриотите кои формализираа меѓународно призната самостојна независна Асномска држава во 1944 и 1991, заклучно сите оние кои на браникот на Република Македонија положувајќи го својот живот, во секој од нас го всадија пирејот, симболот за неуништивост и за опстанок на големиот Македонски народ.

Денес татковината како и низ минатото е узурпирана, политички искривена и угнетена, денес татковината е предводена од луѓе кои без никаков кредибилитет, без поткрепа и основа на крвта на оние кои загинаа за Македонија уште многу одамна пред Илинденското востание и Крушевската Република во 1903 па се до Кумановските настани, се обидуваат безуспешно да создадат политички ентитет на меѓународна сцена, вештачка творевина.

Денес владеајчката гарнитура во татковината, полтронски премолчувајќи и активно работејќи на обид за егзодус и уништување на вековен народ, народ кој илјадници години е субјект на најдолните обиди за асимилирање, претопување, прекрстување, вера менување, забранување на право за почитување на сопствена култура, јазик и историја, се обидува да го присвои и овој ден, за наша голема радост неуспешно.

Денес, сите тие кои насилно го сменија Уставот создаден и изгласан од Македонскиот народ, го погазија гласот на Народот на референдумот кој го прогласија за консултативен необврзувачки, кои не го уважија гласот на стотици илјади Македоници низ светот од демострациите по повод срамните преговори за промена на името, ОМД длабоко верува дека се срамат пред самите себе и своите ближни, од своите соседи од улицата, од градот, од светот. Денес тие немаат ништо заедничко со 8 Септември, на овој ден тие ниту изгласале, ниту создале, ниту почитувале зошто 8 Септември е светол ден за сите нас Македонци.

Денес тие се срамат и пред сите оние патриоти кои се неправедно држени во притвор, неосудени, судски непроцесирани 4 години. Арилија нека ви е денот Македонски, вие патриоти кои лежите во зандана неосудени.

Пирејот Македонски ќе опстане, Македонскиот народ никогаш немал лесен пат во одбрана на самобитието. Токму поради тоа и опстанал и ќе опстане.

ОМД на овој светол ден ги повикува сите Македонци и останати сограѓани, во татковината и особено во дијаспората, да се зближиме, активно организирано да работиме и товориме за промоција и заштита на татковината, јасно и силно да го дигнеме нашиот глас и да ја промовираме универзалната декларација за човекови права на ОН за заштита на послабиот од посилниот. Да ги повикаме оваа власт и парламент и нејзините полтрони и памфлети да дадат неоптповикливи оставки и да организираат предвремеи парламентарни избори, за да го слушнат гласот на Народот, кој денес си го слави неорганизирано нашиот 8 Септември.

Да ги повикаме владите и институциите на системот во државите во кои живееме да го почитуваат македонксиот национален интерес, самостојност и независност, зошто само на тој начин регионот а и пошироко може да биде просперитетно и подобро место за живеење.

Да ни е вечен 8 Септември денот на Република Македонија Македонци каде и да сте!

Да ни е вечна Република Македонија!

Previous UMD Gives $13,000 Ajvar 5K Grant to VERA – Children with Down Syndrome and Autism

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved