Повик до Македонската Дијаспора

Македонци,

Ве повикуваме да се вклучите и присуствувате на мирните протести што ги организира движењето #НиеСмеМакедонија заради

1. Одоворност на секој од нас да го брани и негува вековното име, идентитет, јазик и култура

2. Одговорност на секој од нас да им помогне и ги поттикне нашите сонародници во Македонија заедно со нас во дијаспората, да не се плашиме и да ја креираме иднината на Македонската нација каде и да живее, да ја штитиме и промовираме унитарноста на државата, и преку организирање мирни и достоинствени протести да го изразиме своето несогласување со политиката на актуелната влада околу

– Разговорите за името на Македонија и непочитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата

– Двојазичност и федерализација на Македонија

– Редефинирање на историјата на Македонија и договорот за добрососедство – Кршење на Уставот на Република Македонија

Да го афирмираме нашиот став за горенаведениве точки пред инситуциите на државите, во кои живееме, и пред Обединетите Нации затоа што знаеме дека вистината и правдата се на наша страна. Можеме да се разликуваме по политички определби, по размислувања, но горенаведениве точки  се, и треба да бидат над се,
Само обединети, со личен ангажман и масовно присуство можеме да успееме да се одбраниме пред еден од најсериозните напади и навреди на Македонизмот октако постои,

Затоа приклучете се и дојдете на нашите протести

СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ЊУ ЈОРК НА 17 ЈАНУАРИ ВО 10 ЧАСОТ ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ.

Ве очекуваме и поздравуваме

Движење #НиеСмеМакедонија

Previous Започна Движењето “Ние Сме Македонија” со Протест во Вашингтон

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved