ОМД Промовира зачувување на македонскиот јазик во Даблин

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку својот претставник од Грција, Евгенија Нацулиду, присуствуваше на семинарот во организација на организцијата Мрежа за промовирање на јазична разноликост (НПЛД) кој се оддржа на 17ти и 18ти октомври во Даблин, Ирска. Нацулиду присуствуваше на семинарот како претставник на Движење за образование и култура од Едеса со цел да се информира јавноста за загрижувачката состојба на македонскиот јазик и неговата употреба во Грција.

“Македонскиот јазик е речиси изумрен помеѓу помладите генерации. Постарите генерации, кои вообичаено говорат на македонски со фамилијата, роднините и пријателите, обично избегнуваат да говорат на македонски во јавност,” потенцираше Нацулиду во својот извештај.

НПЛД е пан-европејска мрежа која што се фокусира на јазична политика и планирање, со цел да се подигне свеста за важноста од јазичната разноликост. Бидејќи НПЛД смета дека јазичната разноликост е можност за меѓукултурен дијалог помеѓу Европејците, заклучоците изнесени од Нацулиду се истовремено важни, загрижувачки и навремени бидејќи македонскиот јазик е на работ на истребување.

“Македонскиот јазик никогаш не се употребува во формален говор, на пример во продавница, во државните институции, итн. – па дури и кога говорникот знае дека лицето на кое тој/таа му се обраќа, исто така говори македонски,” понатаму истакна Нацулиду.

Обединетата македонска дијаспора активно ја едуцира јавноста за важноста на зачувувањето на македонскиот јазик, особено во земјите со македонско население. ОМД смета дека грчката Влада треба да стори повеќе за зачувувањето на македонскиот јазик, а почетен чекор во таа насока би било донесување на закон за заштита на регионални јазици и јазиците на малцинствата.

Горенаведените принципи се исто така и принципи промовирани од страна на Европската унија, и со оглед на фактот дека Грција наскоро ќе го превземе претседателството на Европската унија, ја повикуваме грчката Влада да ги превземе овие чекори момент поскоро.

Previous UMD Promotes Macedonian Language Preservation in Dublin, Ireland

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved