ОМД назначи нов Директор за Комуникации

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го именува Алестар Стуард за нов Директор за Комуникации.

Со потекло од Единбург, Шкодска, Алестар има поврзаност со Македонија преку својата вереничка со потекло од Гевгелија, каде двајцата годишно ја посетуваат по неколку месеци.

Стојан Николов, Претседавач на ОМД истакна:

„Во име на ОМД, ние сме почестени да го имаме Алестар во нашиот тим. Со неговото значајно искуство во комуникологијата, политиката и новинарството, ние очекуваме позитивни резултати во работата на ОМД, збогатени со нов ентузијазам и енергија.

„Ние сме среќни за новата соработка со Алестар, кому му посакуваме многу успех во својата работа”

Алестар Стуард, Директор за Комуникации при ОМД, изнесе:

„Почестен сум со новиот предизвик и можност да и служам на македонската заедница, секаде во светот.“

„Ова е клучно време за македонскиот народ, кога се соочува со низа сериозни ризици по македонскиот идентитет, култура и политички делувања.“

„Моја работа ќе биде да креирам меѓународен наратив, кој ја обединува и промовира македонската култура и влијание во светот.“

“Задоволство е да се работи во интерес кон земјата која ја сметам за свој втор дом.“

Алестар Стуард е слободен автор и професионален комуниколог. Тој изготвува редовни политички анализи и историски толкувања, со особен интерес за животот и делото на Винстон Черчил.

Алестар е верен со Македонка од Гевгелија, и горд на својата присвоена македонска култура. Во 2018 година, Алестар беше назначен за Директор за Комуникации при Обединетата Македонска Дијаспора. Алестар воедно поседува особен интерес во компаративниот национализам и политики, со акцент на Македонско-Шкодската компарација. Алестар е посветен на покревање на свеста за македонската култура, на која тема често се појавува и како автор во The Scotsman и Курир.

Алестар бележи работно искуство како Советник за Комуникации при МЦРИП (Обединетото Кралство), како член на Уредничкиот и Сценаристички Комитет, како и во улога на Прес Службеник за Bremain во Шпанија, каде остварува значајна вклученост во grass-root кампањата за задржување на Британија во Европската Унија. Во 2017 година, Алестар ја лансираше својата кампања за воведување на пратеници кои ги ја застапуваат Британската дијаспора, базирано на македонскиот модел на парламентарна застапеност.

Алестар е основач на DARROW во 2013 година, кој што форум со повеќе од 200 автори на возраст од 16 до 35 години, важи за водечки на територијата на Шкодска во доменот на оспособување на младите луѓе во изразување на своите идеи, анализи, креации и слично.

Како инструктор за припрема на студенти по испитот Кембриџ, Алестар има обучено повеќе од 400 студенти по англиски јазик и историја. Тој воедно изготвува писмени и дебатни работилници, со цел охрабрување на студентите да развијат своите авторски вештини и страст кон литературата.

Алестар поседува работно искуство како Службеник за Прес и Односи со Јавност во Шкодскиот Парламент, каде се издвојува како исклучителен говорник и комуниколог со познавање на јавниот и приватен сектор.
Алестар е дипломиран политиколог при Универзитетот на Единбург во 2011 година, со диплома во доменот на Меѓународните Односи.

Познат како голем љубител на литературата, Алестар е обожавател на комичниот стрип Flashman, на чија што содржина посакува да беше автор.

Заедно со својата вереничка, Алестар живее на релација Единбург – Македонија – Шпанија. Кујната е негово омилено место во домот, иако неговата вереничка често се сомнева во неговите кулинарски вештини…).

Previous IRA QUALIFIED CHARITABLE DISTRIBUTION

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved