Одборот на директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) едногласно назначи шест нови позиции во САД. Станува збор за унапредувањето на членот на управниот одбор на ОМД, Трајко Папучкоски на позицијата директор за операциите во САД, и пет регионални претставници беа именувани, вклучувајќи ги Никола Цуцуловски за регионален преставник на ОМД за Тенеси, Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, за регионален преставник на ОМД за Сиетл (Вашингтон), Мишко Јосифов за регионален преставник на ОМД за Мајами (Флорида), Константин Наковски, за регионален претставник на ОМД за Кливленд (Охајо), и Дејан Петковски за регионален преставник на ОМД за Хјустон (Тексас).
“САД е дом на речиси половина милион Американци со македонско потекло, и со цел да се одржи контакт со сите македонски заедници, а воедно да служи и како силен глас на Македонците во Вашингтон, од витална важност е ОМД да се прошири низ целата територија на САД,” изјави претседавачот на управниот одбор на ОМД, Стојан Николов. “ОМД е горда на овие млади лица кои одлучија активно да работат за подобрување на македонско-американските односи.”
“Почестен сум што управниот одбор на ОМД ми ја даде довербата да служам како директор на операциите во САД и се надевам на одлична соработка со оваа талентирана група на регионални претставници, и заедно да ги преставуваме интересите на Македонските-Американци пред американските креатори на политиката,” рече членот на управниот одбор на ОМД и директор за операциите во САД, Трајко Папучкоски. “Една од нашите клучни цели ќе биде да се промовира македонската култура во рамките на секоја локална македонската заедница, а со тоа да се гради посилна и поширока поддршка за македонските заедници ширум САД.”
Биографиите на регионалните претставници може да ги прочитате подолу:
Никола Цуцуловски
Регионален претставник на ОМД за Тенеси
Никола Цуцуловски е роден во Скопје. Во САД дошол како студент на размена во средно школо, а по завршувањето на гимназија решил да го продолжи своето додипломско образование во САД. Никола се здобил со диплома од ЕТСУ во Бизнис администрација, а студирал и Маркетинг манџмент, Менаџмент и дигитална медија. Завршил со почести и највисок просек. Во моментот тој студира на државниот Универзитет во Источен Тенеси.
За време на својата додипломска кариера тој држел повеќе лидерски позиции, поточно како Парламентарец за Почесниот колеџ, Сенатор во студентскиот совет, итн. Тој е добитник на наградата Who’s Who Among Students in American Universities and Colleges, и во моментот е асистент во канцеларијата за Информатички технологии на ЕТСУ, и советник за Маркетинг клубот.
Ѓорѓи Ѓеорѓиевски
Регионален претставник на ОМД за Сиетл/ Вашингтон
Ѓорѓи Ѓеорѓиевски е роден во Скопје а е со потекло од Галичник, Скопје и Дебар. Во 2004 година се преселил во ЊуХејвен, Конектикат да студира Компјутерски науки и Елетрично инжењерство на Универзитетот Јејл. За време на последната година од своите додипломски студии Мајкрософт го регрутирал да се приклучи во нивниот SQL Server тим. Во 2012 година, Ѓорѓи се здобил со Мастер во Компјутерски науки и инжењерство од Универзитетот на Вашингтон.
Во моментот, Ѓорѓи е софтверски инжењер во седиштето на Мајкрософт во градот Редмонд до државата Вашингтон. Секоја година патува до Македонија да го посети своето семејство кои што сеуште живеат во Македонија.
Мишко Јосифов
Регионален претставник на ОМД за Мајами/ Флорида
Мишко Јосифов е првиот претставник на ОМД за Флорида и горд Македонец кој што живее во Мајами. Тој е страствен за Македонија и силно верува дека доколку работиме сите заедно и обединети да ја промовираме нашата убава татковина и луѓе од сите краишта на светот. Му претставува гордост и огромно задоволство да ја има можноста да претставува една организација како ОМД и неговата татковина со страст и посветеност во државата Флорида.
Тој е роден во Кавадарци и завршил на Факултетот за Економија во Прилеп студирајќи Маркетинг менаџмент во 2006 година. Решил да се пресели во Орландо, Флорида каде успешно го завршил програмот за Туризам и угостителски менаџмент на Универзитетот во Централна Флорида. Тој е лиценциран агент за недвижнини за Пруденшал во Флорида како и Блумберг-сертифициран професионалец. Во моментот тој посетува дипломски студии во отсекот Меѓународни финансии на Меѓународниот универзитет Флорида, каде што е и член н центарот за лидерство и студентски амбасадори.
Константин Наковски
Регионален преставник на ОМД за Кливленд/Охајо
Константин Наковски е роден во Скопје (Македонија), а неговите родители потекнуваат од Тетово и Битола. Заедно со семејството eмигрирал во САД на тринаесетгодишна возраст. Наковски своите додипломски студии ги завршил на машинскиот факултет на универзитетот Акрон, а исто така при крај се и неговите магистрарски студии на машинскиот факултет на универзитетот Акрон. Наковски уште од неговото доаѓање во Охајо го поддржувал формирањето на локалната македонската заедница во Охајо, и е член на ОМД уште од основањето на организацијата.
Наковски е машински инженер со искуство во дизајн, тестирање и производство на различни потрошувачки и индустриски производи. Наковски има работено во одделот за истражување и развој на неколку инженерски компании, служејќи како машински инженер. Наковски има служено како претседавач на локалната програмата на Американското друштво на машински инженери, а исто така и како претседател, заменик претседател и секретар на студентското здружение. Покрај тоа, Наковски бил и член и на Друштвото на автомобилски инженери, дизајнерскиот тим на Формула САЕ, и друштвото за Супер километражни возила.
Дејан Петковски
Регионален претставник на ОМД за Хјустон/ Тексас
Дејан Петковски е роден во Куманово, се преселил во Хјустон, Тексас во 2005 година со својата фамилија. Неговото професионално искуство се протега преку деветнаесет години во сферата на здраствена заштита, искуство стекнато преку проекти ширум Европа, Африка, Блискиот Исток и САД. Дејан е транспортен инструктор во одделот за транспортни технологии во Хјустон. Тој е OSHA 500 сертифициран тренер, а моментално работи да се здобие и со сертфикатот CSP. Меѓународни финансии на Меѓународниот универзитет Флорида, каде што е и член н центарот за лидерство и студентски амбасадори.
За целата листа со регионалните преставници на ОМД, Ве молиме кликнете ТУКА.