Ордан Андреевски
Директор за операциите во Австралија
Ордан Андреевски е Директор за австралискиот огранок на Обединетата Македонска Дијаспора и Директор за маркетинг и потрошувачки решенија на ’’Ал клеар интернешнл’’. Во последниве 20 години работел во некои од водечките универзитети и истражувачки центри во Австралија. Тој советувал големи и комплексни организации за стратегии за интернационализација, истражувања за добивки, односи со акционерите, одржливост и брза приватизација на интелектуалниот имот.
Тој е еден од најпочитуваните активисти во македонската заедница во Австралија. Андреевски во повеќе наврати има изготвувано брифинзи за надворешната политика и сугестии за Австралискиот Парламент како да се подобри ефективноста на Австралиската програма за помош, мултикултура и вклученост во општеството и како да се постигнат иновации и зголеми ефективноста од австралиските дипломатски претставништва.
Тој е ко-автор на проектот на Австралискиот истражувачки совет на дијаспората во Австралија за актуелни и потенцијални врски со татковината, и на извештајот за македонската дијаспора во Австралија.
Овие извештаи официјално се објавени во Парламентот во Канбера на 15-ти август 2012 година од страна на министерот за вработување и односи на работните места Бил Шортен и од парламетарниот секретар за меѓународни и пацифички прашања, Ричард Марлес.
Андреевски напишал десетици статии на “Он лајн опинион”, австралискиот весник на интернет за социјални и политички дебати, на теми како што се: предизвиците и можностите на австралиската надворешна политика кон Македонија, НАТО, граѓанска дипломатија и австралиското тежнеење за место во Советот на безбедност во 2012 година. Тој организираше настани во Парламентот во Канбера и во Парламентот на Викторија посветени на напредокот на австралиско-македонските односи.
Работи стратешки и во соработка со други активисти на подигнување на статусот и влијанието на Македонската дијаспора во Австралија и на воспоставувањето поблиски односи помеѓу Австралија и Македонија.