Обединета македонска дијаспора
Преглед на активности за 2021 година
Комуникација преку социјалните медиуми:
- 33 виртуелни настани, презентации, и видеа
- 443,000 прегледи
- 34% пораст на интеракции преку видео од 2020 година
Добротворни достигнувања:
- Донација на медицинска опрема во вредност од $13,000 за Универзитетската клиника за неврологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза, Скопје.
- Донација на противпожарна опрема, вклучително и чизми и маски, во вредност од $6,000 за волонтерската противпожарна бригада Архангел Битола.
- Донација од $5,000 на Хуманитарната организација Свети Спас за најбитните потреби на дислоцираните семејства погодени од пожарите во Македонија во летото 2021 година.
- Облека за старите лица во домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола.
- Облека и покуќнина за семејството Митрески кои во трагичен пожар го изгубија својот дом во близина на Могилa.
- Севкупно, донирани се $28,000 за добротворни цели во 2021 година од ОМД и партнерите, од кои $23,000 во готовина, и останатите $5,000 во облека и набавки.
Зачувување и промовирање на македонското наследство и јазик:
- Спомен на ветераните од македонско потекло кои служеле во американските, канадските, и австралиските воени сили.
- Истакната улогата на Џон Битов, одликуван со канадскиот орден за заслуги, и единствениот член на дијаспората кој ја добил највисоката одлика на Република Македонија – Орден 8ми септември – за неговата улога во водењето на напорите за меѓународно признавање.
- Учество во активностите за имигрантското наследство во месец јуни, со претставување на имигрантските стории на Македонците во бизнисот и спортот.
- Организирање на виртуелен концерт „Интерпретација на болката“ – Ноќ на македонската поезија во чест на Св.Кирил и Методиј во црквата Св.Софија во Охрид, Македонија, на која беа претставени музичари и пејачи од средното училиште Св.Климент Охридски.
- Градоначалникот на Вашингтон по втор пат со ред го прогласува 2ри Август – Илинден како ден на наследство на македонските Американци, притоа признавајќи ги придонесите на Македонците во Вашингтон.
- Претставничкиот дом на Мичиген ја прифати Резолуцијата 149, признавајќи го септември за месец на македонско-американското наследство во државата Мичиген, дом на повеќе од приближно 125,000 Американци со македонско потекло.Ова е првпат во историјата на САД законодавно тело да изгласа резолуција која го признава месецот на наследство на македонските Американци.
- Резолуцијата 741 даде поддршка за назначување на месец септември 2022 година за месец на македонско-американското наследство и прославување на македонскиот јазик, историја, и култура на македонските Американци и нивните исклучителни придонеси за Соединетите Американски Држави.Ова е првпат во историјата на САД резолуција од овој карактер да биде изнесена пред Конгресот на САД.
- На Волстрит, Њујорк одржана 30-та церемонија за подигање на македонското знаме по повод Денот на независноста.
- Соработка со партнерите на канадско-македонската заедница, како Канадско-македонското историско здружение, по повод 30-от по ред Ден на независноста на Македонија Кулата CN во Торонто, Канада и Нијагрините водопади да бидат осветлени во црвена и жолта, боите на нашата Македонија.Изјава на членовите на ОМД за весникот The Toronto Star.
- ОМД Австралија обезбеди грант за финансирање на часови по македонски јазик во Егејска Македонија (денешна Грција) спроведени од непрофитната организација Македонско движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ – 20 ученици веќе се имаат пријавено за учество.
- Во соработка со државниот универзитет Аризона и Центарот за е-учење на македонски јазик, спроведени онлајн настани за изучување на македонскиот јазик.
- Помош при обезбедување на настап на македонски пејачи, и на основачите на Дарко Биберко, Нев и Калина Нешкоски, на првиот годишен концерт One World во Хјустон, Tексас.
- Генерација М / Generation M одржа виртуелна ноќ на македонското наследство каде учесниците добија шанса да ги истражуваат езерата во Охрид и Преспа, планината Бистра, и центарот на Скопје онлајн од своите домови.
- Отпочнување на виртуелната серија „Муабет со Мето“ која опфаќа теми за моменталните настани во Македонија, односите помеѓу САД и Македонија, и македонската кујна.
- Организирана забава за Euro2020 во Вашингтон на која посетителите ги гледаа натпреварите и навиваа за Македонија – настан објавен и во познатиот весник The Washington Post.
- Во Вашингтон одбележана 118-та годишнина од Илинден со македонска коктел-забава.
- ОМД Австралија обезбеди грант за македонскиот музички албум на Зарина Парасевда.
- Објавени се 13 интервјуа и натписи на ОМД.
Промовирање на образованието, човековите права и верските слободи:
- Конгресната група за Македонија и македонските Американци се обнови за 117. Конгрес со четворица ко-претседавачи – Брендан Бојл (демократ од Пенсилванија), Клаудија Тени (републиканка од Њујорк), Деби Дингел (демократка од Мичиген) и Лиза МекКлејн (републиканка од Мичиген) – сегашното членство е 35 членови на Конгресот.
- Пет нови членови на Конгресот се приклучија на пратеничката група за Македонија (по ред на зачленување):Лиза МекКлејн (републиканка од Мичиген), Клаудија Тени (републиканка од Њујорк), Џо Морел (демократ од Њујорк), Елиса Слоткин (демократка од Мичиген), и Френк Мрван (демократ од Индијана).
- Остварени состаноци со претставници на администрацијата на Бајден, американскиотСтејт Департмент, и персоналот на Конгресот за да се преговара Македонија да биде вклучена во Програмата за укинување на визите, а САД и Македонија да склучат Договор за двојно оданочување.
- Двопартиски, дводомен Закон за привремена посета на семејството воведен во двата дома на Конгресот, со кој се воспоставува нова неимигрантска визна класификација за странец кој привремено влегува во САД за да посети роднина кој е државјанин или постојан жител на САД. ОМД е дел од Коалицијата од 22 национални организации кои работат на донесување на Законот.
- ОМД се залагаше да нема повеќе промени на границите и размена на земјиште на Балканот поради дијалогот Косово-Србија преку серија состаноци и застапување на интересите, преку статии и интервјуа за медиумите.
- Успешно ја блокираше акредитацијата на македонскиот амбасадор во САД, нашироко оспоруваната номинација на контроверзниот Љубомир Фрчкоски чии постапки ги загрозија македонските национални интереси во изминатите 30 години.
- Се залагаше за вклучување на опцијата за македонски јазик на Netflix, Amazon Prime, Twitter и LinkedIn.
- Комитетот за надворешни работи, одбрана и трговски референци на австралискиот Сенат издава извештај со 18 препораки за заедниците во дијаспората – кој вклучуваше многу точки поднесени од ОМД Австралија во текот на 2020 година.
- Спроведе 6-месечна едукативна кампања за поттикнување на македонските граѓани во странство да се пријават на Пописот.
- Ја повика Бугарија да се извини за депортацијата и истребувањето на 7.144 македонски Евреи за време на Втората светска војна.
- Во 45-тиот Годишен извештај за човекови права на Стејт Департментот на САД беше истакнато кршењето на човековите права врз македонските етнички и верски малцинства во Бугарија и Грција – прашања што ги истакна ОМД за време на состаноците со Стејт Департментот на САД, Американските амбасади во Софија и Атина.
- Во однос на Извештајот за слободи во светот на Фридом Хаус за 2021 година, ОМД ја повика македонската влада да работи со транспарентност, да развие силни мерки против корупцијата, да дозволи право на мирен протест и чесно новинарство и да се вклучи во ефективни судски реформи – областите во кои земјата заостанува.
- Издадени насоки за медиуми/печат за Euro2020 на Македонската фудбалска репрезентација.
- ОМД се спротивстави на итното повлекување на регистрацијата на непрофитната организација на Македонското движење за унапредување на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ од страна на грчкото Министерство за култура и спорт, само три дена по доделувањето на официјалната регистрација на организацијата; одржа состаноци со претставници на Стејт Департментот, персоналот на Конгресот и испрати писма до Членовите на Европскиот парламент.
- Беше домаќин на молитва за сеќавање на жртвите од македонскиот геноцид за време на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) и спроведе едукативен виртуелен настан.
- ОМД Австралија издаде соопштение и писмо до австралискиот премиер во кое ја изразува длабоката загриженост на ОМД Австралија за барањата содржани во јавното писмо на австралиско-грчкиот совет до премиерот, кое имаше за цел да ги ограничи основните права за искажување идентитет, јазик, култура и слобода на изразување на нашата македонско-австралиска заедница во Австралија.Писмото на австралиско-грчкиот совет отворено ја оцрни нашата одамна воспоставена заедница и содржеше навредливи призвуци.
- Средба со австралискиот министер за надворешни работи и федерален сенатор за Нов Јужен Велс, Марис Пејн, за време на којa министерот за надворешни работи цврсто изјави дека „една заедница не може да ù диктира на друга заедница како да се именува“ и дека австралиските закони ќе се применуваат за заштита на правата на сите заедници подеднакво.
- Активно учествуво на првиот собир на годишниот Меѓународен самит за верска слобода (IRF Summit) на кој присуствуваа 1.000 луѓе во Вашингтон и безброј виртуелно.ОМД беше официјален спонзор преку Тркалезната маса на самитот и даде кратки забелешки во кои повика на регистрација на Македонската православна црква во Грција.
- Средба со Даријан Сотировски, директорот на Македонската комисија за односи со верските заедници и религиозни групи и разговор околу работата на ОМД за застапување на верските слободи.
- Ја водеше кампањата Making Macedonians Count за да ги повика Македонците во Австралија да го пријават своето наследство, јазик, идентитет, религија и место на раѓање на австралискиот попис.
- Ја водеше кампањата Making Macedonians Count за да ги повика Македонците во Канада да го пријават своето наследство, јазик, идентитет, религија и место на раѓање на канадскиот попис.
- Генерација М ја посети Света Злата Мегленска во С’ботско/Соботско (Аридеја) и се сретна со архимандритот Никодим Царкњас, верски водач на Македонците во Грција.Света Злата Мегленска ќе биде првото место за богослужение каде што етничките Македонци во Грција ќе можат слободно да ја практикуваат македонската православна вероисповед по поделбата на Македонија во 1913 година.
- Поднесено писмено сведочење како предлагач за формирање на Комисија за источноевропски прашања и Канцеларија за источноевропски прашања за Охајо.
Развој на лидерство:
- Нова генерација – нашиот канадски партнер – додели повеќе од 18 стипендии „Битов“ за македонските студенти.
- Предавање пред повеќе од 30 млади македонски професионалци на 12-та Иванов Школа за млади лидери давајќи им совети за мобилизирање и вмрежување.
- Одржан мал собир и дружење во Лондон, Обединетото Кралство, за минатите добитници на стипендијата „Битов,“ алумни од програмата Подум од Македонија / Birthright Macedonia и членовите на Генерација М.
- Никола Буџак го назначи за претставник од Минхен, Германија за Генерација М.
- Беше домаќин на панел-дискусија на Facebook Live, во соработка со НВО Комитетот за статусот на жените во Њујорк, наречена „Поддршка на жените-лидери во Македонија“.Целта беше да им се овозможи на жените да ги изразат своите мислења за прашања релевантни за нивното напредување до лидерски улоги во Македонија.
- Ги објави наградените „40 до 40 години на ОМД “ од македонската дијаспора.Наградата ги истакнува професионалците во различни области и деловни сектори, вклучувајќи технологија, бизнис, недвижнини, медицина, финансии, настава, уметност, право и влада.
- Генерација М потпиша Меморандум за соработка со Иванов Школата за лидери – Асоцијација за алумни (ИСЛАА) за фокусирање на професионалниот развој и раст на младите македонски лидери ширум светот.
- Домаќин на 11 соработници за меѓународна политика и дипломатија во 2021 година.
- Формирање на австралискиот и канадскиот тим на Генерација М.
- Спроведена програма за менторство за 25 млади македонски студенти.
Економски развој:
- Средба со гувернерот на Вермонт, Моли Греј, и разговор за односите меѓу Националната гарда на Вермонт и македонската армија во изминатите 25 години, како и за економските и трговски можности.
- Објавени се повеќе од 30 неделни економски брифинзи за Македонија.
- Пуштена е нова програма наречена „Произведено во Македонија“/“Made in Macedonia,” која ги охрабрува Македонците во нашата дијаспора да ги промовираат производите од македонско производство низ светот.
- Воспоставено партнерство со винаријата Peos Estate, македонски семеен бизнис со историја од над 90 години во Манџимуп, Западна Австралија.
- Партнерство со Makonnect, бесплатниот македонски деловен директориум за поттикнување на македонските бизниси да се регистрираат онлајн.
- Партнерство со Стартап Македонија и Бизнис акцелератор УКИМ за да им обезбеди знаење на стартапите и младите претприемачи во Македонија.
- Поддржани мали бизниси во сопственост на македонската дијаспора преку промоција на социјалните медиуми и можности за вмрежување.
Административни новости од ОМД:
- Деана Јанчески е именувана за член на Управниот одбор на ОМД и директор за САД.
- Катерина Трајкова е именувана за член на Управниот одбор на ОМД и благајник.
- Аница Димитрова е назначена за претседавач за Бостон.
- Валентина Талевска е назначена за претседавач за Мајами.
- Ема Браун е вработена како Директор за унапредување и развој на ОМД, во канцеларијата на Вашингтон.
ОМД си постави цел да собере 100.000 долари пред 31 декември 2021 година!
Потребна ни е Вашата помош!
Донациите за ОМД, јавна добротворна организација поддржана од донатори 501(c)(3), се ослободени од данок. ОМД прима донации на акции, обврзници и заеднички фондови, кои треба да ја намалат вашата даночна обврска, како и да и помогнат на ОМД со сите нејзини дела за глобалното македонско семејство.ОМД може тесно да соработува со вашиот финансиски советник/брокер/банкар/финансиски планер/сметководител со цел да ја олесни вашата донација.
Важни линкови:
За обновување на вашето членство во ОМД: http://bit.ly/UMDMembership
Донации: http://bit.ly/DonatetoUMD
За донатори/членови во Канада: http://bit.ly/CanadaMacedonians
Станете месечен поддржувач на ОМД: https://bit.ly/UMDMonthlyDonations