ОМД ја поздравува резолуцијата на Конгресот за славење на македонското наследство

Резолуцијата е поднесена, 5 коспонзори има, и се чека да помине низ комитет па да биде изгласана во Конгресот.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечкиот непартиски глас на половина милион Американци со македонско потекло, го поздравува поднесување на конгресната резолуција број 741, која изразува поддршка за прогласувањето на месец септември 2022 година како „Месец на македонското американско наследство“ и која ги слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за Соединетите Американски Држави.

ОМД им се заблагодарува на копретседавачите на конгресната група за Македонија и македонските Американци, конгресмените Брендан Бојл (Демократ-Пенсилванија), Деби Дингел (Демократка-Мичиген), Лиза Меклејн (Републиканка- Мичиген) и Клаудија Тени (Републиканка-Њујорк), за нивните силни напори и лидерство во поднесувањето на конгресната резолуција број 741, како и основачкиот член на пратеничката група, конгресменот Бил Паскрел (Демократ-Њу Џерси ) кој е коспонзор на резолуцијата.

Конгресната резолуција број 741 вели: „Од 1880-тите, десетици илјади Македонци избегаа во Америка барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи и економски можности, а како одговор на Илинденското востание од 1903 година против Отоманската империја, Балканските војни 1912-1913 година, две светски војни, Граѓанската војна во Грција и политиките на комунистичка Југославија“.

Да го повикате вашиот член на Конгресот да ја коспонзорира конгресната резолуција број 741, кликнете ТУКА.

Конгресната резолуција број 741 моментално е под Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот Дом на САД.

„Конгресната резолуција број 741 ги слави значајните бројни придонеси на македонските Американци повеќе од еден век и го препознава нашето заедничко и богато македонско наследство, кое не’ поврзува како заедница. Поминавме долг пат како Македонци и горди сме на нашето колективно достигнување,“ рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски.

Колоски додаде дека резолуцијата „се надоврзува на напорната работа на ОМД како и на напорите на нејзините членови за септември да биде вграден во американската историја како месец на македонско-американското наследство“.

Конгресменот Бојл, при претставување на резолуцијата во октомври минатата година, меѓудругото рече:

„Како копретседавач на конгресната македонска група, горд сум што ја воведувам оваа резолуција во Претставничкиот дом за да се назначи септември за месец на македонско-американско наследство. Македонските Американци дадоа безброј и значајни придонеси за нашата нација во последните неколку векови, и оваа резолуција им дава признание што одамна требаше да се случи. Се придружувам на македонско-американската заедница и на милиони Македонци ширум светот во славењето на овој значаен чекор”.

Минатото лето и Мичиген стана првата сојузна држава во американската историја што го прогласи септември како месец на македонско-американско наследство. ОМД работи со другите сојузни држави, Конгресот и администрацијата во воспоставувањето и официјалното одбележување на овој месец.

ОМД силно верува дека од нас зависи да ја едуцираме јавноста за улогата што ја играат Македонците во САД и во светот, и оти кревањето на свеста е клучно за зачувување на нашиот македонски идентитет.

Целосниот текст на резолуцијата можете да го најдете ТУКА.

Previous UMD Mourns Sudden Passing of Mile Nikolovski – Canadian Macedonian Human Rights Activist

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved