ОМД, ПримеПоинт Партнери и ДПД Архангел Битола заедно организираа хуманитарна активност во Битола

На Домот за стари лица во Битола „СЈУ Рајдер“ беше донирана облека, која поради ограничувања на КОВИД-19 се изврши само до влезната врата од објектот за да не се загрозат животите на постарите граѓани. Втората донација која се состоеше од облека и помош за дом, беше наменета за семејството Митрески, кое неодамна го загуби својот дом во трагичен пожар. Исто така во тек е акција организирана преку Фејсбук каде веќе има собрани над 4.000 УСД за помош на семејството, и ги охрабруваме и другите да се вклучат во оваа акција.

Членот на УО на Обединетата Македонска Дијаспора и канадската директорка Мери Утоу посочи: „Овој проект започна како едноставна идеја – да се испрати облека на оние на кои им е потребна во Македонија – но потоа стана многу повеќе. Поврзувањето со сограѓаните Македонци чија желба е да придонесат за другите, особено во периодот на пандемија, беше инспиративна. Би сакала да им се заблагодарам на многуте Македонци во Торонто кои донираа облека / финансиска поддршка, а особено на Крис и Тина Андоноф за помошта и поддршката. Им благодариме на ПримеПоинт Партнери и ДПД Архангел Битола, за неверојатната работа преземена на другиот крај од овој проект. Се надевам дека оваа иницијатива ги поврза Македонците во дијаспората со Македонците во Татковината, на многу подлабоко и значајно ниво; тоа го стори за мене “.

Доброволното противпожарно друштво Архангел во Битола изминатата недела покрај оваа акција имаше колективно дарување на крв во просторите на трансфузија во Битола и уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Маја Сталеска од ПримеПоинт Партнери ни посочи дека “Оваа акција е само мала искра на големата желба на нашата дијаспора да им помогне на луѓето во Македонија, и ние бевме многу среќни што бевме дел од неа. Им благодариме и на Царинската Управа за поддршката во процесот на документација за донацијата”.

Previous UMD, PrimePoint Partners, DPD Arhangel Bitola Team Up to Help Those in Need in Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved