ОМД неодамна дојде до овие историски документи, кои сакавме да ги споделиме со јавноста.
Кралството Бугарија доби окупациски права од нацистичка Германија (Третиот Рајх) на Македонија и Тракија. Последователните бугарски влади тврдат дека тие не ја окупирале Македонија, туку биле пречекани со раширени раце од македонското население.
Над 25.000 Македонци беа убиени за време на нацистичката бугарска фашистичка окупација на Македонија помеѓу 1941 и 1944 година, вклучително и 7.144 македонски Евреи, кои беа депортирани во бугарските возови до смрт во Треблинка, Полска.
Подолу се четири слики и англискиот превод под сликите направени од волонтери на ОМД кои течно зборуваат англиски, бугарски, германски и/или македонски јазик.
Записник
Германската амбасада има итна потреба од заверена копија од договорот од 24/27 април извршен помеѓу господинот министер ѕа надворешни работи и пратеникот (дипломатот) Клодиус во врска со поранешните југословенски области, заради службена употреба
Софија, 7 август 1941
1. Во завземените делови на поранешните југословенски земји од страна на Бугарија, Германија може непречено да ги присвои и пренесува сите индустриски суровини, пред се минерали. Ова не важи само да доделените концесии, туку и за претпријатија кои се освоени сега или подоцна. Германија може непречено да ги изнесува сите суровини од овие подрачја.
Во подрачјата кои припаѓаат на конечно владеење од Бугарија, бугарската држава ќе ги фаворизира германските интереси. Бугарската влада се изјаснува како согласна дека освоените пронајдоци на хромерц (хром кристали?* од територии западно, северно и североисточно од Скопје ќе и бидат предадени во германски посед.
2. Во завземените делови на поранешните југословенски земји од страна на германските трупи, кои ќе бидат превземени од бугарски трупи, сите конфискации ќе и припаднат на Германија. Трошоците за сите воени објекти кои се наоѓаат во подрачјата на поранешната југословенска област окупирана од бугарите, ќе бидат покриени од Бугарија.
Бугарија ги сноси трошоците кои се настанати при присуството на германски трупи во подрачјата на бившата југословенска област окупирана од Бугарија и преку доделување на кредити од банки од Третиот рајх….(не е довршено)
…се покриени. Истото важи за трошоците кои во иднина ќе настанат во истата област. Бугарската Национална Банка ќе и ги отстапи сите сметки од територијата освоена од Бугарија на главната дирекција на банката на Третиот рајх без оштета.
… are covered. The same goes for future costs in the same area. The Bulgarian National Bank will transfer all accounts from the territory occupied by Bulgaria to the head office of the Third Reich Bank without compensation.
4. Во окупиранте подрачја од Бугарија имотот на непријателот е под германска контрола. Ова не важи за имотот на државјаните на поранешните југословенси држави.
5. Бугарската влада се согласува, дека работниците од областите на поранешните југословенски простори окупирани од Бугарија кои се веќе на работа во Германија и натаму ќе продолжат непречено да работат во Германија. Ќе се грижи (Бугарската влада) за понатамошна регрутација на работници и нема да ја попречува.
6. Бугарија е одговорна пред Германија и нејзините граѓани при владеењето на доделените области од поранешните југословенски територии, поранешните југословенски држави и југословенската Национална банка.