ОМД ја објавува иницијативата АЈДЕ Гласајте, AJDE Vote

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) има задоволство да ја објави својата нова иницијатива АЈДЕ Гласајте AJDE Vote со цел да ја мобилизира македонската дијаспора во светот да гласа на престојните избори во април. “Нашиот глас, наша иднина” е мотото на последната кампања на ОМД за подигање на свеста на македонските граѓани кои живеат надвор од Македонија за нивното право да гласаат.

ОМД верува дека секој Македонец во светот треба да ја гледа Македонија како своја татковина, дури и ако физички не живеат во земјата. Според македонскиот Устав, Македонците надвор од својата земја може да добијат државјанство и од 2011 година имаат право да гласаат на македонските претседателски и парламентарни избори.

Македонските граѓани надвор од својата земја за да може да гласаат треба да се регистрираат во амбасадите или конзулатите на Република Македонија или преку веб страницата http://www.sec.mk од први февруари до седми март 2014 година. Гласањето ќе биде спроведено во сите овие дипломатски-конзуларни претставништва во светот на 12 април 2014 година за претседателските избори и на 27 април 2014 година за предвремените парламентарни избори.

ОМД силно ја повикува македонската влада и политичките партии да се договорат во врска со идните гласања преку електронски начини, посебно за оние македонски граѓани кои не живеат во близина на македонските дипломатски мисии. Ваквиот договор ќе го зголеми бројот на гласовите од дијаспората и конечно ќе им даде еднаква можност на сите македонски граѓани надвор од својата земја да го дадат својот глас, што претставува и нивно право и одговорност како граѓани на Македонија. ОМД се надева дека во иднина македонските институции ќе го олеснат процесот на регистрирање за гласање за македонските граѓани надвор од својата земја, вклучително и преку он-лајн формулари.

Исто така, ОМД предлага македонското Министерство за надворешни работи да размисли за отворање на конзулати во Дизелдорф (Германија), Хјустон (САД), Мајами (САД), Лос Анџелес (САД), Перт (Австралија), Сиетл (САД) или Ванкувер (Канада), и Сиднеј (Австралија), со оглед на големиот број на Македонци кои живеат во овие градови.

За Фејсбук страната на кампањата кликнете овде.

Видео порака од претседателот на ОМД за кампањата на македонски и англиски јазик.

Previous UMD Announces АЈДЕ Гласајте, AJDE Vote Initiative

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved